Поучени од добриот пример со Миху, челниците на англискиот премиерлигаш Свонси ангажираа денес ново засилување од Шпанија во надеж дека не овој релативно непознат фудбалер ќе пронајдат нов бисер.
Фудбалерот на Осасуна, Ролан Лама, премина во редовите на Свонси.
Ролан Лама потпиша 18-месечен договор, односно позајмица во англискиот премиерлигаш Свонси, соопштува клубот од Премиер Лигата.
Свонси ќе биде во прилика да во тие 18 месеци го откупи целосно договорот со белгискиот фудбалер.
Лама може да игра по левата и десната крилна позиција, па така ќе ја засили конкурентноста во тимот на Михаел Лаудруп.
Свонси оваа сезона постигнува добри резултати, моментално се наоѓа на деветтото место на табелата во Англиската Премиер Лига, а во првиот натпревар од полуфиналето од Лига Купот победи над Челзи со резултат 2-0 на „Стемфорд Бриџ“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Поучени од добриот пример со Миху, челниците на англискиот премиерлигаш Свонси ангажираа денес ново засилу