СВРШЕНИКОТ ЈА ЗАКОПАЛ ЖИВА: „Не можев да дишам и бев парализирана“

Несудената невеста која нејзиниот свршеник бодибилдер ја закопал жива, опишува како успеала да излезе од гробот. Стејси Гвилијам (34) била нападната од Кит Хјуз (39) со кого се скарале за време на романтична прошетка во заливот Касвел на полуостровот Гавер, Јужен Велс, само неколку денови откако ја запросил.Иако поради тоа Хјуз бил осуден на доживотен затвор, тој ќе има право да биде пуштен условно за само осум години, а Гвилијан вели дека веќе стравува од можноста тој да биде пуштен од затвор.
Стејси опишува како кога се освестила по нападот во јули 2015, сфатила дека е заробена под куп земја и растенија. Таа можела да си го слушне чукањето на срцето, како и звукот на морето.
„Сѐ беше како на забавена снимка. Сѐ што можев да видам беше замаглено зелено и кафеаво. Не можев да дишам. Не можев да се движам. Беше како да бев парализирана. Навистина беше ужасно. Да се обидеш да се прибереш и да разбереш што се случува околу тебе. Се обидов да станам, но не можев. Морав да ги употребам ноктите да излезам од таму кај што бев. Само тоа можев да сторам. Се обидов да ја истуркам земјата над мене, но ја немав таа сила.“
Кога најпосле успеала да се извлече, таа се онесвестла во близина на еден голф клуб, каде што била забележана и однесена в болница и била ставена во вештачка кома во траење од дваесет и шест дена за да може да закрепне. Страдајќи од напади на паника, Гвилијам сѐ уште употребува стап за да може да оди. Зборувајќи за ослободувањето на Хјуз, таа вели:
„Преплашена сум. Но, ќе бидам посилна бидејќи имам голема поддршка. Имам надеж за иднината и тоа е благодарение на поддршката од семејството и пријателите. Ако не беа тие, не знам што ќе правев сама, но тие се тука за мене.“
Хјуз бил фатен кога ја удрил својата кола возејќи во пијана состојба. Кога бил уапсен, на полицајците им кажал: „Никогаш нема да ја најдете“ и се шокирал кога му кажале дека неговата свршеница е сѐ уште жива. Како мотив за обидот за убиство, тој навел дека таа крадела пари од него и дека се заканувала дека ќе го прати во затвор.Иако поради тоа Хјуз бил осуден на доживотен затвор, тој ќе има право да биде пуштен условно за само осум години, а Гвилијан вели дека веќе стравув

Пронајдете не на следниве мрежи: