Од МВР информираат дека човек кој работел на нива го забележал телото кое било завиткано во црна вреќа. Случајот веднаш, во 16:00 часот бил пријавен во полиција, од каде екипи од секторот за внатрешни работи ја подигнале вреќата и ја предале на Судска медицина, како што наредил обвинителот. По отворањето на пластичната вреќа, откриено е дека станува збор за безживотно тело на девојка, чиј идентитет и возраст сè уште не се утврдени.
Бидејќи нема извештаи за исчезнати лица кои би можеле да бидат поврзани со настанот, истрагата за утврдување на возраста и идентитетот ќе продолжат во наредните денови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.