Tело на мртва девојка пронајдено завиткано во црна вреќа

Од МВР информираат дека човек кој работел на нива го забележал телото кое било завиткано во црна вреќа. Случајот веднаш, во 16:00 часот бил пријавен во полиција, од каде екипи од секторот за внатрешни работи ја подигнале вреќата и ја предале на Судска медицина, како што наредил обвинителот. По отворањето на пластичната вреќа, откриено е дека станува збор за безживотно тело на девојка, чиј идентитет и возраст сè уште не се утврдени.
Бидејќи нема извештаи за исчезнати лица кои би можеле да бидат поврзани со настанот, истрагата за утврдување на возраста и идентитетот ќе продолжат во наредните денови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.