Индиската полиција соопшти дека најмалку 20 туристи биле убиени од вооружени лица во туристичко одморалиште во Кашмир, објавија светските медиуми.
Двајца високи полицајци изјавиле дека најмалку четворица вооружени лица, кои тие ги опишале како милитанти, пукале во десетици туристи од блиско растојание во вторник. Полицајците изјавиле дека многу биле повредени, од кои многумина се во тешка сјба.
Властите собрале најмалку 20 тела на ливадата Бајсаран, околу пет километри од градот Пахалгам. Офицерите зборувале под услов да останат анонимни во согласност со политиката на одделот.
Полицијата го опишала инцидентот како “терористички напад” и ги обвинила милитантите кои се бореле против индиското владеење.