Tрадиционалeн концерт „Младите Доаѓаат“ во Македонска Филхармонија






Во четврток во Македонска Филхармонија ќе се одржи на традиционалниот концерт „Младите Доаѓаат“.

„Ќе слушаме музика од сите епохи на музичката уметност, а ќе ја изведуваат нови таленти од средните музички училишта, кои ќе настапат како солисти со оркестарот на Македонската филхармонија, предводени од диригентот Ангел Спироски. Да ги поддржиме идните генерации музички уметници во почетокот на нивното креативно патешествие, а тие ќе ни донесат елан, ентузијазам, младешка убавина и се разбира, прекрасна музика и изведба“, се вели во најавата на концертот.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: