Најголем проблем после сексот меѓу паровите е тоа што тој сака да се гали и разговара, додека тој не е претерано заинересиран за разговор, туку најмногу сака да спие, запали цигара или нешто да јаде. Стручњаците велат дека за таквото однесување постои научно објаснување и дека различните навики после сексот се последица на еволуцијата, односно на „репродуктивната стратегија“ .
Всушност, тврдат дека човечкото однесување за време и после сексот се одредува низ репродуктивни важни случувања, како што се збилижување , создавање желба за уште еден сексуален однос, чување на партнерот , можност за оплодување, преносување на гени…
Заклучиле дека однесувањето на мажите и жените после сексот се различни токму поради различните репродуктивни стратегии.
Всушност, тие потсвесно сакаат да остават потомство зад себе, и затоа еволуцијата им всадила жеба за нежност за време на сексот, бидејќи на тој начин „обезбедуваат“ продолжување на своите гени. Токму поради тоа мажите често покажуваат иницијатива за нов сексуален однос.
Жените, од друга страна, повеќе сакаат бакнежи и нежности после сексот , а многу им е важно и да слушнат „те сакам“, бидејќи подсвесно сакаат да го задржат партнерот и да го врзат за себе. Во минатото тоа значеше и опстанок и преживување , па иако денес времињата се поразлични, еволуцијата сепак ни остави многу однесувања и реакции.Најголем проблем после сексот меѓу паровите е тоа што тој сака да се гали и разговара, додека тој не е претерано заине