Додека лежам во породилиштето и трпеливо чекам да почне да делува епидуралната анестезија, внимателно ги гледам другите жени околу мене. Доволно се млади за да им бидам мајка.Се средуваат, внимателно нанесуваат кармин и ја чешлаат косата за да изгледаат пристојно за чуената прва фотографија со бебето.
Кога со своите 47 години ќе ја погледнам својата 8-годишна ќерка и својот 4-годишен син понекогаш посакувам да ги родев порано. Точно е дека како помлада имав потесен струк, цврсти гради и многу повеќе трпение и енергија.
Само Бог знае дека кога ќе влезете во 40-ите ретко кое упатство за употреба можете да го прочитате без диоптрија.
Според националните статистики, најбројните родилки се токму жените со повеќе од 35 години, а во последните десет години бројот на мајки кои го добиле своето прво дете на 40 години скоро се дуплирал.
Кое е моето оправдување за овој „грев“?
Едноставно, не го запознав оној вистинскиот пред 35., а со првото дете се породив на 38 години. На 41 година повторно останав бремена, а синот го родив на 42.
Како и сите родители на мали деца, секогаш сум уморна и премногу чуствителна, поради што се растажувам и плачам за секоја ситница.
Тоа што сум мајка значи и дека морам да бидам одговорна за животите на своите деца, дека ќе влијаам на нивниот потенцијал и ставови. Иако ме воодушевува нивната неодолива невиност, сета таа одговорност едноставно е преголем товар за мене.
И се случува поради сите обврски, плачење едноставно да заборавам колку всушност посакував да имам семејство. И колку всушност ја обожавам својата улога.
Понекогаш размислувам за тоа каков беше мојот живот пред да ги добијам децата, кога имав пристојна плата која можев да ја трошам само на себе. Можев да излегувам секоја вечер, да се забавувам и хранам исклучиво по ресторани.
Сега не би можела да излезам а да не се јави ви мене чувството на вина: како само се осмелив да ги оставм децата дома?
Сепак, точно е дека и со годините стекнувате и мудрост и со своето однесување станувате пример за своето дете. Родителството значи да бидете подготвен на компромиси и тоа многу често. Како постара мајка, имам многу повеќе трпение за се она што никогаш не сум го имала.
Кому му е гајле што сум како слепа без очила? Или што не го разликувам Џастин Тимбрлејк од Џастин Бибер?
Благословена сум што воопшто имам деца, како и сите мајки кои одлучиле на родителство. Децата навистина се единственото богатство.Се средуваат, внимателно нанесуваат кармин и ја чешлаат косата за да изгледаат пристојно за чуената прва фотографија со бебето.
Кога со сво



