Таа е најголемиот ЖЕНСКИ АГЕНТ УБИЕЦ, кој го имал Мосад!

Силвија Рафаел била млада и амбициозна припадничка на израелската безбедносна служба, која станала најдобар платен убиец кој Мосад некогаш го имал.Израел ја најмил да дознае кој стои зад масакрот на Олимписките игри во 1972 година, a зa книгатa за нејзиниот живот перaта ги здружија Моти Kфир, човекот кој ја обучувал и новинарот Рам Орен, чија всушност била идејата за пишување на биографијата на Силвија Рафаел .
Книгата говори за вртоглавото искачување на Силвија на повисоко ниво на хиерархијата на израелската тајна служба, падот, апсењето, и шпионажата и обидите да го фати палестинскиот Али Хасан Саламех, лидерот на “Црн септември”, кој бил одговорен за масакрот на 11 израелски спортисти во Минхен на Олимписките игри во 1972 година.
Во книгата, меѓу другото се спомнува и фаќањето на убиецот од Минхен, како и потрагата по Саламех.
Поточно, на 6 септември 1972 година, осуммина терористи ја прескокнале оградата околу Олимпиското село и убиле двајца израелски спортисти,а останатите девет ги земале како заложници.
Али Хасан Саламех ја гледал акцијата од далечина, надвор од олимпиското село, заедно со соработникот Абу Дауд. Штом се слушнале истрели, тој сфатил дека акцијата е во полн замав, и набрзина избегал кон аеродромот, од каде со лажен пасош прво отпатувал во Рим, а потоа во Бејрут, каде што се криел од Рафаел и Мосад. Дауд побегнал во Белград, а потоа во Варшава.
Директорот на Мосад Зри Замир итно пристигнал во Минхен, а Германците му го понудиле своето учество во преговорите, но тие одбиле, велејќи дека “не бараат било каква помош од надвор, и дека не им треба.”
За тоа време германската полиција посегна по трик, и на киднаперите им вети авион во замена за животот на заложниците. Се разбира, авионот никогаш не полетал, но тоа било измама за терористите, во обид да ги спасат животите на израелските олимпијци.
Веднаш штом се симнале од автобусот во кој тие се криеле, Германската полицијата отворила оган врз киднаперите, кои лути поради тоа ги убиле деветте заложници. Германските полицајци убиле пет терористи, додека другите биле уапсени.

 
 Сакам да му ги отсечам рацете
Силвија веднаш го повикала својот надреден ос Мосад, за кој знаела само дека се вика Давид, и му рекла:
„Саламех нема да запре додека не му ги отсечеме рацете. Сакам јас да бидам таа што ќе го направи тоа.“
Силвија толку се опседнала со Саламех што во 1973 година убила келнер со мароканско потекло, помешувајќи го со палестински терорист во Лиленхарм, во Норвешка. Бремената сопруга на убиениот Мароканец била сведок за убиството.
Ова убиство е познато како „Лилехарм афера“, осудена била на 5 години затвор, но ја пуштиле на слобода за 15 месеци.
Постои сомневање дека под псевдонимот британска државјанка Ерика Чејмберс, на 22.јануари 1979 година, го убила Саламех со преку 100 килограми експлозив, и тоа додека палестинецот одел на роденден кај својата мајка. Ја преживеал операцијата, но бил тешко повреден и во неподнослии болки починал на операционата маса.
Силвија починала во 2005 година од леукемија на 67 години.  Израел ја најмил да дознае кој стои зад масакрот на Олимписките игри во 1972 година, a зa книгатa за нејзиниот живот перaта ги здружија Моти Kфир,

Пронајдете не на следниве мрежи: