Кристи Бринкли и на 63 години изгледа подобро од некои свои двојно помлади колешки, а како што самата вели се е до правилната исхрана.Кога минатиот месец Кристи Бринкли се појави на насловната страна на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“, со својот феномален изглед може да се каже дека го шокираше светот. Последен пат во костим за капење позирала пред 13 години, но изгледа дека на неа годините ништо не и можат.
Не можеме да си помогнеме, а да не се прашаме како? Како точно ја одржува беспрекорната фигура. Па, ако може да се верува на она што Кристи го кажува, тајната не е во диетите. Кристи верува и заговара добро врамнотежена исхрана, а посебен нагласок става на доручекот.
Секое утро го започнува со топла вода и лимон, а сака во напитокот да додаде и малку мед и кајен пиперка. Нејзиниот доручек е доста богат, а најмногу сака јогурт од козјо млеко со сезонско овошје, чија семки, житарици и јаткасти плодови. Во оние денови кога ќе посака протеински доручек, бира омлет со спанаќ и печурки. Посебно нешто што целото нејзино семејство го обожава е тостот со авокадо.
Кристи е вегетаријанка, односно како што самата сака да се нарече „флексибилна веганка“. Не јаде месо половина од својот живот, но не може да одолее на италијанските специјалитети со моцарела. За ручек бира салати без додатни маснотии, а за ужина обавезно си спрема свежи цедени сокови од овојше и зеленчук. Спанаќ, лимон, авокадо и портокал се само некои од состојките кои обожава да ги става во соковите.
Вечерите и се полни со боја, а ориз со многу различен зеленчук и салата и е апсолутен фаворит. Исто така, за вечера сака да се напие и чаша црвено вино, кое ја опушта и смирува. Она што најмногу од се е неверојатно е што Кристи е опседната со чоколадо и никогаш од него се нема откажано. Секој ден јаде барем еден ред од својот омилен десерт и тоа ја прави неизмерно среќна.
Кога минатиот месец Кристи Бринкли се појави на насловната страна на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“, со својот феномален