Таа го достигна врвот да биде најбогата славна личност под 30 години

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогати славни личности кои се под 30-тата година. 
Листата е направена за периодот од јуни 2012-та до јуни оваа година, а може да се запримети дека доминираат жените. 
Прва на листа, како најбогата славна личност под 30 години е Лејди Гага која за рок од една година има заработено 80 милиони долари. 
Минатата година, Тејлор Свифт беше таа која се наоѓаше на врвот на оваа листа и тоа главно заради нејзината успешна турнеја. Лејди Гага пак мораше да го откаже остатокот од турнејата Born This Way Ball за да замине на операција на колкот и сепак успеа да го освои врвот на листата. Доколку пејачката не ја прекинеше турнејата според процените, истата ќе успеела да заработи 200 милиони долари, што значи дека и заработката на Гага ќе се зголемела.
Погледнете го остатокот од листата на најбогати славни личности под 30 години:
1. Лејди Гага, 80 мил.долари
2. Џастин Бибер, 58 мил.долари
3. Тејлор Свифт, 55 мил.долари
4. Калвин Харис, 46 мил.долари
5. Ријана, 43 мил.долари
6. Кети Пери, 39 мил.долари
7. Адел, 25 мил.долари
8. Џенифер Лоренс, 26 мил.долари
9. Кристен Стјуарт, 22 мил.долари
10. Тејлор Лаутнер, 22 мил.долари
Доколку ве интересира која е најбогатата порно актерка и колку милиони долари тежи таа, прочитајте на следниот линк. Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогати славни личности кои се под 30-тата година. 

Пронајдете не на следниве мрежи: