Таа има 30 години и со години била „втора жена“, а сега врти нова страница

„Сега ми е јасно зошто жените се согласуваат да бидат љубовници. Иако одсекогаш ги осудував сега бев една од нив“. Вака почнува  изјавата на 30- годишна жена од Белград која типичната врска со маж ја заменила со епитетот „втора жена“.Никој не го планира животот по ова сценарио, но…
„Ниту една жена како девојче не сонува дека кога ќе порасне ќе биде љубовница која нема да ја доживее свадбата со човекот во кого е вљубена. Кој не верува дека во ваков однос се влегува  случајно и без никакви скриени намери сакам никогаш  да не го доживее ова искуство и да не сфати дека сум била во право. Никогаш не сум сакала да бидам „втора жена“, само верував слепо, додека тој вешто лажеше“, смело ја започнува својата приказна една жена која од оправдани причини сака да остане анонимна.
Нашата врска ги отвораше вратите на рајот
„Во почетокот се личеше на идилична бајка. Тој беше моја поддршка, потпора и заштитник, а јас „негова сродна душа“  како што ме нарекуваше. Умеевме со часови да се гледаме како највљубениот пар на светот и тинејџерите ни завидуваа. Слобода на умот, срцето и духот. Живеев во исчекување на моментот кога ќе ги потпише документите за развод, а според неговите зборови  беше само прашање на ден, но… јас бев негова, а тој ничиј.“
Срцето не го слуша разумот
„Јас бев креатор и немоќен учесник. Знаев во што се впуштам. Патувавме, излегувавме, шетавме, спиевме и се будевме заедно. Го правевме она што го правеа двајца млади кои се во врска. Без воздржување. Уживавме, а кога посакав да излезам од тоа, сфатив  дека не можам. Не е лесно да му кажете „НЕ“ на срцето.“

 
Лагата почнува да личи на вистина, а надежта умира последна…
„Тоа е љубовен однос во кој  се премолчено е дозволено и јасно. До толку што неговата претстава за жената за мене беше невидлива. Велеше дека таа не е важна и дека една хартија во општина нема да влијае на нас. Кога го прашав за децата, рече дека се  единствените и последни атоми од тој брак, но дека и тие трпат и го чувствуваат несогласувањето. Лагите се редеа, а јас верував“.
Потоа следуваше разочарување: Ние две не бевме единствените
„Изнајмивме стан. На почетокот тоа беше наше мало љубовно гнездо, а подоцна се претвори  во деветте круга на пеколот на Данте. Го чекав со денови, а тој секогаш ги имаше истите изговори. Велеше дека таа го уценува со децата, а вистината беше далеку поинаква. Таа не насетуваше ништо, а тој покрај мене и неа имал уште девојки.“

Потоа следуваше уште еден шок, а набрзо и крајот
„Го сретнав со сопругата на венчавка кај заеднички пријател. Изгледаа среќно и се држеа за рака. Додека јас планирав живот со него, тој уживал во животот со неа. Објавија дека таа е бремена и тогаш се случи нашиот крај. Фантазијата за тоа  дека тоа беше љубов за мене,  за него било  само ново, неоткриено, поинакво искуство“.
Сега таа е сама и одлучила дека никогаш повеќе нема да биде „втора жена“Никој не го планира животот по ова сценарио, но…
„Ниту една жена како девојче не сонува дека кога ќе порасне ќе би

Пронајдете не на следниве мрежи: