На Либи Хуфер (44), кога имала 5 години ѝ е дијагностицирана неурофроматоза, ретка кожна болест поради која има неканцерогени тумори по целото тело.До пред тинејџерските години, Либи живеела нормален живот во Форт Вејн во Индијана, а тогаш на кожата наеднаш ѝ се појавиле стотина тумори.
Кога била бремена во 1993 година, хормоните предизвикале повеќекратно зголемување на туморите. Сега има повеќе од 5.500 тумори распространети од глава до пети и тие ѝ предизвикуваат голема болка.
Либи сега пробува да собере 20.600 евра за терапија која би ѝ го променила животот.
Досега имала 10 операции за отстранување на туморите, некои не успеале, па ѝ се вратиле поголеми тумори. Нејзината последна шанса е третман кој трае 5 часа и може да тргне над 1.000 тумори. Таа вели дека би сакала луѓето да поразговараат со нејзе, а не само да ја гледаат со гадење.До пред тинејџерските години, Либи живеела нормален живот во Форт Вејн во Индијана, а тогаш на кожата наеднаш ѝ се појавиле стотина тумори.