Младата пејачка ги потврди новите хируршките зафати со фотографија на ИнстаграмИако има само 24 години, популарната пејачка очигледно низ изминатите години се подложила на низа пластични операции, а ги зголемила и нејзините усни. Станува збор за Аријана Гранде која го заменила препознатливото високо коњско опавче со платинесто руса коса со шишки, но на фотографијата со која се пофалила на Инстаграм, новата фризура е во втор план.
Доколку се сеќавате како изгледаше на самиот почеток од кариерата, тогаш сигурно забележувате дека нејзиното лице од тогаш до денес е драстично променето. Аријана се прославила со бродвејскиот мјузикл “13” во кој глумела во 2008 година. Тогаш таа имала само 15 години, а изгледа како потполно друга личност.
Веќе три години подоцна, Аријана изгледала потполно поинакво, но дотогаш таа ја променила само бојата на косата и почнала да употребува средства за самопотемнување, од кои очигледно сè уште не се откажала.
Две години подоцна, можат да се воочат многу подрастични промени – нејзините усни изгледаат пополни, веѓите се подигнати, а се забележува промена и во обликот на нејзиниот нос.
Трансформациите оттогаш се очигледни, почести и повидливи, а доколку ги погледнете новите фотографии од нејзиниот Инстаграм профил, сè ќе ви стане јасно.
Иако има само 24 години, популарната пејачка очигледно низ изминатите години се подложила на низа пластични операции, а ги зголемила и нејзин