ТАА СЕ ЗАЉУБИЛА, А ТОЈ САКАЛ САМО СЕКС: Не ѝ се јавил после заедничката ноќ, па му го порача ова…

Извесна Аманда имала лошо искуство и одлучила да му каже неколку работи на момчето кое ја искористило само за секс.Оваа приказна им е позната на многу девојки. Сте запознале момче кое делува совршено, ви се чини дека е прекрасен, дека му се допаѓате, но на крајот излегува дека се што сакал е само секс.
Извесна Аманда имала лошо искуство и одлучила да му каже неколку работи на момчето кое ја искористило само за секс. Еве што…
За момчето кое ме собра од пред мојот стан и кој ме засмејуваше до доцна во ноќта со пиво во барот.
За момчето кое сакаше да ми го покаже својот стан, бидејќи „само што инсталирал“ нови светла на балконот.
За момчето кое додека ме бакнуваше во чело ме галеше и ми кажуваше дека сум неодолива.
За момчето кое полека и страсно ме бакнуваше така што не можев да дишам.
За момчето кое додека ме водеше во неговата соба тивко ми шепотеше дека сум прва девојка која била овде откако се преселил.
За момчето кое полека ме соблекуваше и ми кажуваше колку сум убава.
За момчето кое на чии гради го ставив своето лице додека се смеевме и кикотевме во кревет.
За момчето за кое мислев дека е поинакво.
За момчето кое никогаш, никогаш повеќе не го видов и слушнав…
Јас сум девојката која таа ноќ ја претстави вистинската и реална себе.
Јас сум девојката која поставуваше прашања, бидејќи бев вистински заинтересирана
Јас сум девојката која без страв сподели приказни и искуства од својот живот.
Јас сум девојката во чии стомак заиграа пеперутки во моментет кога ја фати за рака…

 

Јас сум девојката која паничеше во главата додека одевме кон спалната соба.
Јас сум девојката која се прашуваше дали би било поинаку.
Јас сум девојката која се смееше на твоите шеги и на секој збор кој го кажа.
Јас сум девојката која сама си отиде дома.
Јас сум девојката која плачеше под тушот со 2:30 утрото.
Јас сум девојката која го проверуваше својот телефон со денови.
Јас сум девојката која испрати случаен, но безгрижен СМС „Жив ли си?“.
Јас сум девојката која мораше да го избрише твојот телефонски број за да не падне во искушение да те бара кога е пијана.
Јас сум девојката чие срце е преголемо за да не биде скршено.
Јас сум девојката на која можеби едвај се сеќаваш.
Јас сум девојката која не ја заслужуваш.  Оваа приказна им е позната на многу девојки. Сте запознале момче кое делува совршено, ви се чини дека е прекрасен, дека му се допаѓате, но на крајо

Пронајдете не на следниве мрежи: