Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека Косово нема меѓународна поддршка, особено од САД, за измената на законот со кој на косовските безбедносни сили ќе им се даде надлежности на војска, пренесува Koha Ditora.САД и меѓународната заедница, како што потенцирал Тачи, ја поддржуваат трансформацијата на косовските безбедносни сили, но само ако тоа биде направени преку уставни амандмани.
„Работев веќе три години за ова прашање да се реши преку уставни амандмани и многу би сакал доколку се случи тоа. Ја имавме поддршката на САД и НАТО, но тоа сега е невозможно, особено по отворените, јасни и одлучни изјави на партијата Српска листа и официјален Белград тоа да не го дозволат“, рекол Тачи, додавајќи декасега преостанува „или Косово да нема војска, или да се премине на некој друг план“.
Тачи тврди дека одлуката за воспоставување на војска е во надлежност на косовските институции и дека сите меѓународни актери се известени за процесот.
„Сите сакаме уставни промени и ќе работиме за да дојде до нив. Процесот на трансформација е институционален, уставен и легален и тој припаѓа во вредноста на евроатланската рамка. Со оглед на тоа, целосно сум уверен дека меѓународната заедница ќе има разбирање за искрено ангажирање на косовските институции“, рекол Тачи.
Тој тврди дека косовската војска нема да се ангажира против никого и дека „никој не треба да се чувствува загрозено“. Тачи исто така додал дека формирањето на косовската војска нема да предизвика крај на преговорите со Белград за нормализација на односите.САД и меѓународната заедница, како што потенцирал Тачи, ја поддржуваат трансформацијата на косовските безбедносни сили, но само ако тоа биде направ