Поминаа 4 месеци од свирепото убиство на Тијана Јуриќ, чија смрт ја подигна цела Србија на нозе, и ден денес со самото спомнување на името на Драган Ѓуриќ, во луѓето се јавува гнев бидејќи никој не може да сфати како некој може да биде способен да направи толку сурово убиство.Нејзиниот татко Игор Јуриќ, вели дека никому на овој свет не му посакува да му се случи вакво нешто и да почувствува болка која го уништува срцето и душата, и дека него може да го разбере само мајката на Милица Симендиќ, Светлана Симендиќ, чиј убиец се уште не е пронајден.
„Верувајте ми секој нов ден е се потежок. Често се затварам во себе и во мислите сум со Тијана и плачам. Ја посетив мајката на Милица и можам да кажам дека таа е вистински херој за мене“, вели Јуриќ и додава:
„Мирјана, Сашка и јас ја делиме истата тага заедно, и токму постарата ќерка ми е најголемиот мотив да продолжам да живеам. Светлана е сама. Прекрасна, храбра жена. Никому повеќе да не му се случи оваа болка“, вели Игор.
По големата трагедија, таткото на Тијана ја започнал својата „животна мисија“ од која не сака да се откаже.
„Предлогот за ‘законот на Тијана’ се уште не е влезен во процедура и ќе лажам ако кажам дека не се надевав дека ќе оди малку побрзо. Го предадовме законот на пратеникот Гојко Радиќ, му пишавме на премиерот Вучиќ и никаков одговор не добивме, а на телефонскиот повик Радиќ ни даде празен одговор дека не поддржува но дека тој не може ништо конкретно да каже дали некој сака да го уфрли во процедура.
Јас и понатаму апсолутно верувам дека владеачката партија ќе има разбирање и дека ќе го стави на дневен ред во некоја од наредните седници на владата на Србија“, истакнал Јуриќ и додал дека во спротивно ќе почне да собира потписи за петиција.
Неговата намера е да почне од Бајмок, а потоа да продолжи кон Суботица и сите месни заедници, и во Светозар Милетиќ, местото каде што беше пронајдено телото на Тијана, Сомбор, Лозница и на крај во Белград. Доколку и со тоа не успее, потписи ќе бара во Нови Сад, Крагуевац и Краљево.
Што се однесува до сајтот на Тијана, тој наскоро би требало да почне со работа.
„Тоа ќе биде повеќе портал отколку сајт. Многу време ни одзема добивањето дозвола од некои медиуми за објавување на материјалите, поготово оние кои се однесуваат за педофилите бидејќи тоа е многу осетлива тема.“, констатирал Игор.
На сајтот ќе се најде и песената посветена за Тијана која ја напишал Жарко Лаушевиќ, а ќе се направи и претстава посветана на насилството врз децата.
Да потсетиме, судењето на Драган Ѓуриќ би требало да почне на почетокот на следната година, а според зборовите на адвокатката Јуриќ Маја Атанасковиќ, се очекува да биде завршено во рок од шест до седум месеци.Нејзиниот татко Игор Јуриќ, вели дека никому на овој свет не му посакува да му се случи вакво нешто и да почувствува болка која го уништува срцето



