Тага и непребол – 6 месеци без малиот ангел, кој ѕверски беше силуван и убиен

Владица Рајковиќ (28) од селото Вратарница, во близина на Зрењанин, кој на 9 јули ја силуваше, а потоа и уби 3,5 годишната Анѓела Стефановиќ, вратен е во затвор од набљудување од специјалната болница во Белград.Душанка Стефановиќ, баба на ѕверски убиеното девојче, вели дека слушнала дека Рајковиќ е вратен во Заечар и бара крвникот да биде најстрого казнет.
-Нека го кастрираат! Не му е ништо штом го вратиле од психијатриско набљудување. Нему не му фали ништо – огорчена е Душанка, која подготвува шестемсечен помен за малата Анѓела.
Таа вели дека нејзината ќерка Даниела уште закрепнува од шокот, но дека сепак нема да се врати на сопругот во Зајечар со кој има две малолетни деца.
-Го посетуваме гробот на Анѓела, но ништо не знаеме кога ќе му судат на нејзиниот убиец. Од никого не сме добиле помош, ниту пак некој нѐ посетува – вели Душанка која живее со ќерката Даниела и сопругот.

Според непотврдените информации, неколку затвореници се обиделе навистина да го кастрираат силувачот и убиец во затворот, но тоа било спречено од страна на чуварите.Душанка Стефановиќ, баба на ѕверски убиеното девојче, вели дека слушнала дека Рајковиќ е вратен во Заечар и бара крвникот да биде најстрого казнет.

Пронајдете не на следниве мрежи: