ТАГА И СОЛЗИ: Пред да загине во несреќа, детенце ѝ рече на мајка си дека…

Детенце од Ирска, се удавило со семејството откако нивниот автомобил се лизнал од мост. Само неколку моменти пред несреќата, момчето разговарало со неговата мајка преку телефон и ѝ порачало дека сака силно да ја гушне.Еван Мекгроти (8) го загуби животот во несреќа во која настрадаа пет членови на едно семејство. Таткото Шон (46) успеал од автомобилот да го извлече бебето Риона Ен, но и тој настрадал кога се вратил под вода за да се обиде да го спаси синот Марк (12). Животите ги загубија и бабата Рут (57) и нејзината ќерка Џоди (41).
На последното збогување со настраданите членови, свештеникот открил дека Марк (12), којшто боледувал од мускулна дисторфија, непосредно пред трагедијата разговарал со неговата мајка Луиз.
„Мамо, многу ми недостигаш. Ќе ти ја дадам најголемата прегратка кога повторно ќе се видиме“ – ѝ рекло детенцето.
Риона Ен, 4-месечното бебе, единствено ја преживеа оваа несреќа. Нејзината мајка Луиз изјави дека бебето ѝ е единствена причина за живот откако ги изгуби сопругот, синовите, мајката и сестрата.
Исто така, свештеникот го поздравил храбриот фудбалер Давит Волш, којшто го ризикувал животот и учествувал во спасувањето на бебето.
„Давит, денес Ве поздравуваме како јунак. Не обвинувајте се што не можевте повеќе да сторите, бидејќи сме Ви благодарни за направеното. Лесно можеше да се случи да имаме седум , а не пет жртви“ – рекол свештеникот.Еван Мекгроти (8) го загуби животот во несреќа во која настрадаа пет членови на едно семејство. Таткото Шон (46) успеал од автомобилот да го извлеч

Пронајдете не на следниве мрежи: