Главниот уредник на ТВ Телма Атанас Кировски не ја криеше својата емотивна вознемиреност после големата победа на Доналд Трамп над Хилари Клинтон во Претседателската трка во САД.-Сите оние што ликуваат или планираат да ликуваат за победата на Донал Трамп, веднаш да им кажам дека се во голема заблуда. Ако навивале за Трамп врз идеолошки премиси и го сметале за конзервативец, гадно се излажале. Човекот нема, и не знае што е идеологија. Тој е чист производ на стравот, рефлексија на Брегзит, и продукт на естрадизација на медиумите со риалити шоуа. Проблемот е што кога некомпетентните имаат моќ може да направат сериозна беља, напиша Кировски.
Кировски својата компетентност за коментирање на идеологијата на Трамп ја влече од позицијата главен уредник во телевизија која е чест уживател на финансиските инекции од УСАИД и сличните соросови фондации кои не се меѓу омилените на новиот американски претседател.
Токму затоа, нервозата и емотивна растрепереност во Телма се очекувани и нормални. Меѓутоа истовремено и – џабе.
-Сите оние што ликуваат или планираат да ликуваат за победата на Донал Трамп, веднаш да им кажам дека се во голема заблуда. Ако навивале за Трамп в