Тагата тешка 68 милијарди долари

Не дека американскиот амбасадор во Македонија нема причини да плаче по парите фрлени во квалитетот на нашиот судски систем (55 милиони долари, обучени 600 судии и 300 обвинители). За малку да ја ублажиме таа тага, одиме до Авганистан.Американците потрошиле 68 милијарди долари на обучување и јакнење на авганистанската војска за да може таа еден ден сама да се справи со предизвиците на својата земја. Тој ден никако да дојде, веќе 15 години. Ене ги нив уште таму, и ќе останат побројни отколку што беше најавено. Авганистанциве сè уште не биле за оставање сами.

Одиме по ред.
На почетокот на октомври, приближно еден месец пред претседателските избори, САД ќе одбележат еден вознемирувачки јубилеј: 15 годишнина од инвазијата врз Авганистан, замислена како потрага по виновниците за терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар.
Актуелниот американски претседател, како претседателски кандидат во 2008 вети дека ќе ја извади земјата од живиот песок на авганистанските војувања во кои загинаа десетици илјади цивили, 2.400 американски војници и се произведоа илјадници воени инвалиди. Годинава ќе замине без да го исполни (и) тоа ветување.
Пред некој ден Барак Обама најави дека 8.400 лица од нивниот воен персонал (3.000 повеќе отолку што беше планирано) ќе останат таму како поддршка на Авганистанските национални воени и безбедносни сили, најмалку до 2017.
Од 2002 до март оваа година, американскиот Конгрес има одобрено 68 милијарди долари за “јакнење на капацитетите” (како што тоа обично се формулира во таквите “проекти”) на авганистанските безбедносни сили.
А останувањето на американската војска во Авганистан се темели на проценката дека домашната војска сè уште е премногу слаба за да се спротивстави на Талибанците.
А за тој однос на силите, уште еден неславен биланс: денес Талибанците контролираат поголема територија во Авганистан отколку пред Џорџ Буш да ја издаде командата за инвазија.
Злобниците би рекле: аман, не нè јакнете веќе.
Извор: off.net.mkАмериканците потрошиле 68 милијарди долари на обучување и јакнење на авганистанската војска за да може таа еден ден сама да се справи со предизвици

Пронајдете не на следниве мрежи: