Таинствениот креатор на биткоин би можел да стане првиот светски трилионер

Сатоши Накамото, креаторот на биткоин, сè уште не ѝ е познат на јавноста. Не се знае дали Накамото е една личност или група на луѓе, ниту дали е жив или мртов.Меѓутоа, доколку Накамото е една личност, тој е моментално 52-тиот најбогат човек на светот според “Forbes”, а судејќи според начинот на кој цената на биткоинот расте, Сатоши наскоро би можел да седи на тронот како првиот светски трилионер. 

Се претпоставува дека Накамото “држи” речиси еден милион биткоини во своите раце, што му дава нето вредност поголема од 17 милијарди долари.
Сепак, постои голем скептицизам кога станува збор за иднината на оваа криптовалута, како и дали Накамото ќе биде во состојба и ќе има можност да ја подигне сумата со која моментално располага. Оние кои пропагираат биткоин сугерираат дека експлозијата на криптовалутите која започна во текот на 2017 година е само почеток. 
Моментално, биткоинот остварува зголемување од 1800 проценти само во текот на оваа година, што ги преминува сите прогнози на биткоин експертите.
Сатоши не е единствената личност која има големо богатство. Неодамна, браќата Камерон и Тајлер Винклвос станаа биткоин милијардери, откако во 2013 година инвестирале околу 11 милиони долари во биткоин.
 

 Меѓутоа, доколку Накамото е една личност, тој е моментално 52-тиот најбогат човек на светот според “Forbes”, а судејќи според нач

Пронајдете не на следниве мрежи: