„Тајмс“: Вејн Руни за 40 милиони фунти во ПСЖ

Англиските медиуми, поточно, „Тајмс“, пренесува дека Париз Сент Жермен сериозно размислува во намерата да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни и да направи неверојатен тандем во нападот со Руни и Ибрахимовиќ.
Ексклузивна приказна пренесува споменатиот извор кој пренесува дека екипата на Париз веќе подготвиле план за тоа како да го доведат англискиот репрезентативец во нивните редови, се шпекулира дека ПСЖ уште во летниот трансфер преоден рок би тргнал сериозно по потписот на овој фудбалер.
Како што се наведува, челниците на ПСЖ ќе испратат почетна понуда во износ од 40 милиони фунти за играчот кој наскоро влегува во последните години од договорот со Манчестер Јунајтед.
Вејн Руни и самиот пред извесен период сакаше да го напушти тимот на Манчестер Јунајтед кога се говореше околу преминување во Манчестер Сити, „Тајмс“ пренесува дека екипата од Париз има големи шанси да го ангажира овој фудбалер.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Англиските медиуми, поточно, „Тајмс“, пренесува дека Париз Сент Жермен сериозно размислува во намерата да

Пронајдете не на следниве мрежи: