„Тајна“ – Ронда Бирн

“Тајна” е фасцинантна книга која јас ја нарекувам наука, наука за привлекување на работи во животот што ги посакуваш и имаш потреба од нив, наспроти работите кои  не ги сакаш и треба да ги отстраниш што е можно побргу. Пред да ја прочитам оваа книга, не знаев ништо за овие принципи, за  процесот на позитивна визуелизација, и всушност ме промени во толкава мера што почнав да верувам дека ако мислиш и правиш добро, тоа ќе ти се врати во иста дури и во поголема мера. Со други зборови, имај позитивни мисли и добри работи ќе ти се случуваат, ако имаш негативни мисли, тогаш ги  привлекуваш лошите работи и тие ќе ти се случат. Биди благодарен на тоа што го имаш и фокусирај се на позитивните, добрите работи од тоа, затоа што секоја работа содржи во себе и позитвни и негативни карактеристики. Ако  го насочиш своето внимание кон негативните, песимистичките, тогаш постои голема веројатност дека тие и ќе ти се случат.
Книга-водич, книга која содржи мудрости кои ги користат и мажите и жените за да постигнат здравје, благосостојба и богатство. Изнесувањето на сознанието на тајната на виделина, наведува на уверливи преданија за елиминирање на болести, постигнување богатство, надминување на пречки и постигнување на нешто се чини невозможно.
Во оваа книга ќе  научите како да ја користите тајната во секое подрачје од секојдневниот живот, вклучувајќи ги: здравјето, среќата, богатството и привлечните сили. Ќе почнете да развивате скриена, непозната моќ која постои во секој од нас и токму ова откритие може да донесе радост и исполнетост во секој дел од вашиот живот.
Нарачајте го делото електронски на следниот ЛИНК  Пред да ја прочитам оваа книга, не знаев ништо за овие принципи, за  процесот на позитивна визуелизација, и всушност ме промени во толка

Пронајдете не на следниве мрежи: