ТАЈНА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ: Оваа баба пуши по 30 цигари дневно и има 112 години!

Батули Ламичан од Непал, првата цигара ја запалила кога била тинејџерка и нема намера да престане со пушењето.Батули има 112 години и раскажува дека тајната на нејзината долговечност е токму во тоа – пушењето цигари.
Пуши околу 30 дневно во последните 95 години. Родена е во 1903 година, а на 17 години станала страстен пушач. Во меѓувреме надживеала многу луѓе од околината, вклучувајќи ги и своите деца.
„Не се грижам за тоа колку сум стара. Видов многу работи во животот. Многу работи се сменија“ – вели Батули.
„Сметам дека нема ништо лошо во пушењето. Пушам веќе 95 години“ – додала таа.
Но, таа советува дека треба да се избегнуваат комерцијалните цигари, односно индустриски направените.
Батули препорачува локален тутун намотан во лист.
Инаку, пред 8 децении ја напуштил сопругот и заминал во Индија во потрага по работа. Никогаш не се вратил.
Надживеала четири деца, додека еден од синовите е жив. Живее од донации од локалниот хинду храм.
„Луѓето од модерното време премногу се под стрес.Оние кои не работат или се мрзеливи не живеат долго. Мора да бидете активни и без стрес. Секогаш треба да бидете среќни, така долго ќе живеете“ – заклучила бабата од Непал.

Пронајдете не на следниве мрежи: