ТАЈНА ЗА КОЈА МОЛЧАТ РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ: Еве кој го финансира доаѓањето на бегалците во Европа!

„Никој од САД не сака да зборува за нашите заклучоци, а досега имавме исклучително добра комуникација со нивните разузнавачки служби. Дури ниту ХНАА (австриската државна агенција за информации од странство домашна безбедност), нема никакви информации или едноставно доби забрана да ги шири. Но, ова мора да излезе во јавност“ – заклучил неименуван разузнавач.Европа минува низ нова бегалска криза. „Преселбата на народите“ со епски пропорции, тргна уште од економската криза во 2008 година, но дури сега излегува на виделина колку целиот свет е всушност потресен од тие настани, но и со воените случувања предизвикани од страна на ИСИЛ. Но, реката од бегалци доби сосема ново значење откако австриските разузнавачки служби го изразија своето сомневање дека превозот на бегалците го финансираат Американците.
Според пишувањата на австрискиот интернет магазин ИнфоДирект, австриските разузнавачи дојдоа до сознанија дека едноставно е невозможно бегалците сами да си го плаќаат транспортот.
„Возачите на шлепери бараат огромни суми пари за превоз во срцето на Европа. И без оглед на условите за превоз, кои се граничат со нечовечки, бегалците по глава мора да платат 7000-14000 евра, во зависност од дестинацијата“ – тврдат австриските разузнавачи.
Имено, тие дошле до тие податоци од полициските кругови, бидејќи имаат директен контакт со луѓето коишто бараат азил. Поради сѐ поголемиот наплив, поригорозни се полициските проверки на камионите, шлеперите и сличните возила.
„Имаме сознанија дека целите или барем дел од трошоците за бегалците, ги земаат на свој грб организациите од САД. Го откривме тоа откако забележавме нелогичности во бројките кои по испитувањата редовно се повторуваа, а не се совпаѓаа со можностите на луѓето во зависност од краиштата од коишто доаѓаат. На пример, не е можно толку луѓе од северна Африка при рака да имаат околу 11000 евра. Како е можно никој да не си го постави тоа прашање? Некој крие нешто“ – изјавил еден разузнавач и додал дека дури и во пријателските разузнавачки кругови како што се Германија и САД, владее необична тишина.
Дури и во круговите на најреномираните геополитички експерти се молчи. Иако, како што тврдат Австријците, ги има и оние коишто се подготвени да прозборат, ретки се осмелуваат со име и презиме јавно да прозборат за проблемот. Ако ова е точно, кој е интересот на САД од тоа што е можно поголем број на бегалци да влезат во Европа?Европа минува низ нова бегалска криза. „Преселбата на народите“ со епски пропорции, тргна уште од економската криза во 2008 година, но

Пронајдете не на следниве мрежи: