Тајна за вечната љубов и среќа помеѓу партнерите: Поучна приказна од која можете да извлечете поука како да бидете среќни со партнерот

Постои една стара индијанска приказна која говори за двајца малди индијанци: за момче и девојка. Еднаш тие двајца се упатиле до големиот поглавар на своето плене и му рекле одлучно:„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш својот благослов и да не поучиш што треба да сториме за нашата љубов да биде вечна“.
„Добро“, им одговорил поглаварот. „Ќе ви кажам, што да направите. Но прво појдете со мене на планината, а пред тоа пронајдете два орли и понесете ги со себе, а после ќе видиме што поматаму“.
Младите тргнале во различни правци и по кратко време донеле по еден орел. Кога стигнале на врвот од планината, поглаварот им рекол:
„Земете го сега ова кратко јаже и врзете ги орлите“. Вљубените го послушале и ги врзале приците.
„Сега пуштете ги да летаат“, рекол поглаварот.
Младите ги пуштиле пртиците во висина кон небото, но орлите не успеале да полетаат, бидејќи нозете меѓусебно им биле врзани. Паднале на земја и почнале да се колваат еден со друг, сакајќи да се ослободат од јажето со кое биле врзани.
Тогаш стариот индијанец им рекол:
„Сега пресечете го јажето“.
Младите ја извршиле наредбата, ја пресекле врската и повторно ги фрлиле птиците кон негото. Овој пат птиците брзо се издигнале во висина, се завртеле неколку пати во круг па одлетале кон планините. А мудриот поглавар им рекол:
„Ете тоа е тајната на вечната љубов и среќа: доколку луѓето се врзани едни за други, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете слободно да летате и заедно, но да не бидете врзани“.„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш својот благослов и да не поучиш што треба да сториме за нашата љубов да биде вечна“.
&bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: