Еден детаљ ги издаде браќата Калид и Ибрахим ел Бакрауи, коишто се осомничени дека ги извршија самоубиствени напади на аеродромот во Брисел.Тие беа снимени од сигурносните камери на аеродромот во Брисел, а на фотографијата се гледа дека двајцата мажи облечени во црно на левите дланки носат црни ракавици.
Според белгиските медиуми, терористите на тој начин ги скриле детонаторите со кои што ги активирале експлозивните направи.
Безбедносните експерти сметаат дека доколку таквата теорија се испостави како точна, лесно би можело да се утврди каков вид на експлозив бил користен.
Третиот маж што се наоѓа на фотографијата не е облечен во црно, нема ниту ракавица на раката, што ја потврдува, барем во назнаките, проценката на белгиската полиција дека тој е третиот учесник во бомбашкиот напад и дека на аеродромскиот терминал ја оставил бомбата во патна торба, а потоа го напуштил аеродромот.
Во нападите на аеродромот и метрото во престолнината на ЕУ настрадаа вкупно 31 лице, а над 250 се повредени.Тие беа снимени од сигурносните камери на аеродромот во Брисел, а на фотографијата се гледа дека двајцата мажи облечени во црно на левите дланки но



