Тајната на нашите баби: Направете домашно масло од кое ќе добиете совршен бронзен тен!

Доколку за тие десетина дена на море сакате да го извлечете максимумот и да потемните како никогаш до сега, нема потреба да фрлате пари за скапи лосиони за брзо потемнување. Бидејќи, нашите баби се вистинска ризница за добри и здрави совети за сончање.Доколку сте се запрашале како онаа постара госпоѓа од вашето соседство секое лето успева да добие така совршено бронзен тен, ова е нејзината тајна.

Многу постари дами и денес одбиваат да се мачкаат со купечки креми за сончање и затоа користат традиционални препарати, а рецептот кој се пренесува од колено на колено за масло од состојки кои веќе ги имате дома е вистинско мало летно богатство.
Ова масло се прави многу едноставно и тоа со помош на само три состојки: маслиново масло, морков и зелени ореви. Една работа која може да биде малку комплицирана е наоѓањето на зелени ореви, но доколку малку прошетате наоколу, лесно ќе најдете дрво од кое ќе можете да скинете неколку плодови.

Потребни состојки:
250 мл маслиново масло
1 рендан морков
5 зелени ореви
подготовка:

 
Секој орев исечете го на четири дела, па ставете ги во тегла. Додадете го и ренданиот морков, па прелијте со маслиновото масло, а по желба можете да додадете и некоја ароматична билка, како што се лаванда или невен. Добро затворете и оставете да одстои 40 дена на сонце.

После 40 дена, маслото прфрлете го во шишенце кое можете да го носите со себе и да го користите секој пат кога ќе излезете на сонце. Бидејќи морковот користи многу каротен, а познато е дека оревот е еден од најдобрите сојузници во тенеењето, па така со помош на ова масло многу побрзо ќе добиете боја- но не заборавајте, ова масло нема заштитен факторДоколку сте се запрашале како онаа постара госпоѓа од вашето соседство секое лето успева да добие та

Пронајдете не на следниве мрежи: