Тајната служба ја приведува Мадона поради заканите до Трамп

Кралицата на поп музиката за време на женскиот марш го навредувала 45. претседател на САД.
 Тајната служба која има единствена задача да се грижи за безбедноста на американскиот претседател, ќе отвори истрага против 58-годишната пејачка Мадона, која изјавила дека сака да ја крене Белата куќа во воздух.
Мадона на демонстрациите во Вашингтон продолжила со простачки зборови да го навредува 45. американски претседател.
Обраќајќи им се на присутните, Мадона пцуела со прост јазик, поради што телевизиите кои го пренесувале протестот биле принудени да им се извинуваат на своите гледачи.
“Бесна сум. Да, многу размислував за тоа да ја кренам Белата куќа во воздух. Дури иако знам дека тоа нема да промени ништо. Но, не смееме да паднеме во очај”, порачала популарната Мадона.
На реакција од надлежните не се чекало долго. Од Тајната служба е потврдено дека започнала истрага.
“Свесни сме за коментарите на Мадона. Конечната одлука за тоа дали против неа ќе биде отворено обвинение ќе зависи од канцеларијата на генералниот обвинител”, соопштено е од Тајната служба.
Пејачката пред изборите во САД им ветила орален секс на сите кои ќе гласаат за Хилари Клинтон. Компасот при навредувањето на Трамп го загубила и Ешли Џад. Таа го обвинила новиот претседател на САД дека не ги почитува жените, и дека има жешки сништа за својата ќерка.
 

 

 
 

Тајната служба која има единствена задача да се грижи за безбедноста на американскиот претседател, ќе отвори истрага против 58-годишната пејачка Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: