Тајната за успехот се крие во Библијата?!

Шон е поранешен пастор, а воедно и многу успешен бизнисмен кој тврди дека тајната за успех се наоѓа токму во Библијата.Шон има неверојанта предвидувачка моќ како да инвестира на пазарот на хартии од вредност, меѓутоа многумина го исмејуваат поради начинот на кој ги решава своите следни чекори во инвестирањето.
Чудниот метод на Шон досега не потфрлил и тој има стекнато милиони. На пример, пред неколку месеци Шон се појавил на Блумберг Телевижн. Тој предвидел дека акциите на Бест Бај, кои нагло паднале на 16 долари, ќе паднат од околу 11 долари по дивиденда, а потоа ќе се вратат и ќе скокнат за 25 долари. Во текот на целата година, тој предвидел дека акциите на пазарот на одредената фирма ќе одржат просечна вредност од 40 долари.
Коментатор на шоуто го исмевал Шон и рекол дека и тој самиот може да даде некоја забелешка без темел, и дека тоа не се заснова на никаква Библија. Тој рекол дека од 650 долари, акциите на Епл ќе скокнат на 1000 долари.
Неколку недели подоцна, Шон последен се смеел.

Акциите на Бест Бај чинеле 11,20 долари, а потоа нивната цена успеала да се искачи до 42 долари – добивка од 360 посто – токму така како што Шон предвидел. Иронично, акциитена Епл паднале на 450 долари.
Кога новинар од порталот moneynews.com го прашал Шон која е неговата тајна во толку успешното инвестирање, новинарот очекувал дека Шон ќе каже дека сето знаење го должи на искуството стекнато во фирмата Чарлс Шваб, или можеби тајната се должи на еден од оние комплицирани алгоритми кои тој ги користи за темпирање на пазарот на хартии од вредност.
Но, кога Шон одговорил дека неговата тајна за успешно инвестирање се крие во Библијата, тоа било шок за сите.
За Шон, Библијата е темел за сите инвестиции. Тој објаснил дека таму е всушност напишан „библиски код за пари“. Шон тврди дека благодарение на библискиот код тој успеал да заработува чисти 15.000 долари годишно на почетокот, а сега дава во добротворни цели 50.000 долари. Тој го кредитира кодот и со тоа што се обидува да се „поправи“ сметката на пензискиот фонд на татко си од 40.000 долари на 396.000 долари.
Шон тврди дека најголемите бизнис тајкуни и најпознати претприемачи, како Ворен Бафет и Џон Темплтон, веќе го искористиле овој код, со чија помош заработиле милијарди.

Според Шон, секој може да го користи кодот. Во неговата презентација за библискиот код за пари, тој ги заснова своите верувања на учењата на кралот Соломон, Исус од Назарет, и апостол Павле, кои во Библијата опишале како секој може да излезе од долг, да направи цврсти инвестиции, и морално да изгради одржливо богатство.
Она што не’ осиромашува, е всушност „финансискиот грев“ кој заслепува многумина, и би можел да не чини 41 посто од нашите животни заштеди секој момент. Она шо најмногу мами во однос на овој грев е тоа што изгледа многу сигурно и безбедно на почетокот.
На крај, Шон завршува со својата техника „12-12-12 план за инвестирање“. Ова е едноставен план за чекор по чекор еволуција на економски план, од штедач, преку инвеститор, па се’ до филантропист.
Извор:denesen.mkШон има неверојанта предвидувачка моќ како да инвестира на пазарот на хартии од вредност, меѓутоа многумина го исмејуваат поради начинот на кој ги

Пронајдете не на следниве мрежи: