Познато е дека КГБ користела брутални тактики за елиминација и застрашување на своите непријатели. Урбаната легенда вели дека кон средината на 80-тите по киднапирањето на советскиот дипломат во Либан, агентите на КГБ киднапирале и убиле роднина на еден од киднаперите. Потоа му испраќале делови од телото на киднапериот на советскиот дипломат, а на тој начин сакале да покажат дека со Русија не смее да се игра.
Документите на ЦИА кои веќе не се тајни откриваат како специјалниот тим планирал убиства. Меѓу документите е и планот за убиството на Тито.
Лидерот на Југославија после Втората светска војна не сакал да се откаже од самостојноста на неговата земја. Со оглед на тоа што Тито одбил обединување со Советскиот Сојуз, Сталин одлучил својата фрустрација да ја излечи со некои други методи. Одлучил да се реши од Тито, исто како што правел и порано со некои свои политички противници.
Русите се обиделе да го убијат Тито со чума во спреј. Му испратиле кутија која што го испуштала отровниот гас кога би била отворена. Потоа, се обиделе да го убијат лидерот на Југославија уште 20 пати, но никогаш не успеале во тоа. На крајот се вели дека Тито испратил телеграма во Москва: „Престанете да испраќате луѓе да ме убијат. Ако не престанете, ќе пратам еден мој човек во Москва. И нема да треба да праќам уште еден“.
ПРОЧИТАЈТЕ: ЦИА открива кој бил всушност ТИТОУрбаната легенда вели дека кон средината на 80-тите по киднапирањето на советскиот дипломат во Либан, агентите на КГБ киднапирале и убиле роднина н