Тајни документи откриваат страшни детали: Што се случи со телата на удавените од Титаник

Еден век по несреќата, порано годинава, на виделина излегоа страшни детали за тоа што се случило со телата на луѓето кои се удавиле на Титаник.Телеграмите, кои очигледно никогаш не биле предвидени за во јавност, ја откриваат незавидната позиција и тешките одлуки на капетанот на спасувачкиот брод Mackay-Bennett, кој бил премал за да ги собере и врати сите тела извлечени од неговиот екипаж.
Капетанот сакал тоа да го направи – да ги врати сите, но на крајот морал да се одлучи „да се ослободи“ од стотина (околу 1/3) од нив. Од вкупно 334 тела, 116 биле „фрлени“ во Атлантскиот Океан. Меѓу нив и телата на екипажот на Титаник.
Телеграмите ги обелодени Чарлс Хас – историчар кој долги години се бави со несреќата на Титаник. До него стигнале преку поранешен работник на Cunard Line – компанијата која во 1934 (22 години после несреќата) се спојува со White Star Line – компанијата која оперираше со Титаник.
Телеграмите се разменувани меѓу капетанот на спасувачкиот брод – Фредерик Ларднер, и White Star Line. Од нив добро се гледа колку бил тежок процесот по тонењето на бродот и стресот под кој се наоѓале сите инволвирани, особено тие што биле на лице место.
Една од нив, пратена до спасувачкиот брод, гласи:
„Од апсолутна важност е да ги вратиш сите тела што можеш да ги понесеш“.
На крајот – тоа што е и најконтроверзно во случајот – се спогодиле да ги остават телата на жртвите од ниска класа, додека телата на патниците од прва и втора класа биле вратени.
Но тоа што пропуштија да го спомнат повеќето медиуми што ги пренесоа овие нови сознанија, е дека ништо во случајов и во одлуката не е така црно-бело.
Како прво, целата работа со извлекување на телата не е заради почит кон мртвите или нивните семејства, за жал, туку од легални причини и за да се избегнат купот тужби. Оттаму акцентот на „внимателниот записник од сите документи…“ и „освен во случај на конкретни барања од роднините“.
Како второ, нормално дека телата на екипажот на Титаник ќе бидат оставени во океанот. Тие луѓе биле морнари, а морнарите секогаш го сметале морето за својот природен гроб. Практично направена им е чест, барем според морнарскиот кодекс.
Што се однесува до телата на патниците, нема многу непочитувачко во тоа удавените да бидат оставени (во мир) во океанот, каде што и умреле. Многу понепочитувачко е да бидат извлечени од спасувачи со метални куки, да бидат натрупани на куп, и да бидат влечени преку пола океан само за да завршат во дрвен ковчег. Очигледно дека ова е една од мислите што му проаѓале низ глава на капетанот, што се гледа и од „Не ли би било подобро да ги погребаме (внимавајте, не вели „да ги фрлиме“) сите тела на море?“.
Сепак, спорното е во тоа што биле оставени телата токму на патниците од ниската класа, така? Причината е прилично едноставна, барем од практичен аспект: патниците од третата класа биле претежно млади сиромашни мигранти, без семејства кои би ги погребале телата, и без имоти за оставање.
На крајот од денот, животот некогаш нé става во ситуации кога нема правилен избор. Лесно е да осудуваме, ама ни јас ни вие не би сакале да сме му во кожа на капетанот, а ниту пак на одговорните од White Star Line. Уште помалку во кожа на роднините на удавените.Телеграмите, кои очигледно никогаш не биле предвидени за во јавност, ја откриваат незавидната позиција и тешките одлуки на капетанот на спасувачкио

Пронајдете не на следниве мрежи: