Содржината и веродостојноста на тајниот договор на 34-тиот претседател на САД Двајт Ајзенхауер со вонземјаните е предмет на голем интерес и на секакви контроверзи. Ако се сумираат, ќе се добие следнава приказна.
Од јануари 1947 до декември 1952 година 16 бродови на вонземјаните се урнале или извршиле принудно слетување во САД. Резултат – 65 мртви придојдени и еден жив. А тој дојде во рацете на Американците. Уште еден брод се разнел, односно експлодирал во воздух…
Сите документи за случаите добиле назнака “ДРЖАВНА ТАЈНА”. Во 1947 година била формирана група од водечки американски научници, кои имале задача да ги изучуваат дојденците, а една година подоцна таа група се споила со проектот “ГРАНЏ”.
Во 1952-ра по тајно наредба на тогашниот претседател Труман е создадена тајна организација за Управување со националната безбедност. Негова главна задача била декрипција на пораките на вонземјаните и обиди да се воспостави дијалог со нив. Овој проект добил тајното име “СИГМА”. Неговата втора задача била да го чуваат во тајност престојот на вонземјаните на Земјата.
Труман ги информирал сојузниците за преземените активности, вклучувајќи ги СССР. Биле развиени планови за заштита на Земјата во случај на закана од вонземјаните. За таа намена е основана и независната група – “БИЛДЕРБЕРГ”, со штаб во Женева.
Во 1953-та за претседател на САД е избран ген. Двајт Ајзенхауер, а истата година во Америка паднале уште девет летечки чинии. Во нив биле пронајдени 26 мртви и 4 живи вонземјани. Десеттата летачка чинија им била предадена на САД од Владата на Јужна Африка.
Ајзенхауер сфатил дека му се наметнува да го решава проблемот со вонземјаните и дека нема да се справи, без да се открие тајната за нив во Конгресот. Во почетокот на 1953-та претседателот се обратил за помош до својот пријател и колега Нелсон Рокфелер. Двајцата планирале создавање на тајна структура за надзор на вонземјаните. Така се родила супертајната организација MJ-12 (“Мажестик 12”).
Таен договор
Во 1953 година астрономите открија големи вселенски објекти кои се приближуваат кон Земјата. Тоа биле вселенски бродови со дојденци, кои влегле во орбитата околу нашата планета. Веднаш се активирале специјалистите од проектот “Сигма”, кои успеале да снимат пораки од вонземјаните. Проблеми се појавувиле при декрипција на пораките. Малку пред тоа група вонземјани стапила во контакт со Владата на САД и тие понудиле да помогнат на земјаните во духовниот развој. Тие побарале и уништување на нуклеарното оружје и одбиле да ги споделат технолошките тајни што ги поседувале, бидејќи луѓето духовно не биле подготвени. Објавиле дека земните жители одат по патот на самоуништување, дека е потребно да го прекинат загадувањето и трошењето на фосилните ресурси на планетата и да научат да живеат во согласност со неа.
Овие објави од вонземјаните биле пречекани со голема сомничавост од страна на државниот врв на САД, особено во делот за нуклеарното разоружување. Според непотврдени податоци во 1954 година вонземјаните слетале во една од базите на воздухопловните сили. Дојденците тврделе дека доаѓаат од планета која ротира во соѕвездието ОРИОН, кој ние го нарекуваме БЕТЕЛГЕЗ. Тие известиле дека нивната планета умира и во иднина ќе биде неупотреблива за живот. Резултатите од преговорите биле средба на Ајзенхауер со вонземјаните на базата на воздухопловните сили “ЕДВАРДС”.
При средбата бил потпишан договор меѓу цивилизацијата од Бетелгез и САД. Тогаш на планетата Земја дошол првиот амбасадор – КРИЛ. Средбата била снимена на кинолента, која до денес се чува во тајните архиви.
Договорот гласел: вонземјаните нема да се мешаат во нашите работи, а САД нема да се мешаат во работите на вонземјаните. Активностите на дојденците на Земјата ќе се чува во тајност. Тие ќе ги споделат со Американците тајните на својата технологија и ќе помогнат во нивната апсорпција. Вонземјаните нема да склучуваат договори со други држави. За тоа, тие ќе добијат право привремено да “позајмат” ограничен број луѓе со цел медицинско испитување и контрола над развојот. Предметните луѓе нема да страдаат и ќе бидат вратени на местото каде се киднапирани. Договорот предвидува и опрема на подземни бази за странци и уште две за заедничко користење, каде требало да се одвива размена на технологии.
Во вториот дел ќе читате за Базите на вонземјаните и експериментите врз луѓето од кои се раѓаат мутанти…
Ако ве интересира темава предлагам да се потсетите и на:
https://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/vonzemjani-go-obezbeduvaat-amerikanskiot-pretsedatel-prv-del
https://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/vonzemjani-go-obezbeduvaat-amerikanskiot-pretsedatel-vtor-delСодржината и веродостојноста на тајниот дог