Оваа книга „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари“ е бестселер од инспиративниот автор Робин Шарма која го опишува патувањето на човек кој речиси се изгубил во потрагата по материјалното. Главниот лик, Џонатан Лендри е квази-успешен човек со погрешна свест и неисполнет фамилијарен живот. Неговиот внатршен глас постојано го прогонува, неговиот брак е пред пропаст и бесполезно е дури и тоа што се посветува на работата со целите свои мисли и тело. Но, тогаш во приказната се појавува Џулиан.
Тој му е роднина на Џонатан со кој тој одамна изгубил контакт и единствената причина поради која се појавува во животот на Џонатан е фактот што тој бил еминентен адвокат, но решил да се откаже од сите негови материјални богатства. Наскоро Џонатан започнува да ги бара тајните вистини кои ќе му помогнат да го врати еликсирот на животот. Тој открива дека во борбата за материјалното и преокупацијата со физичкото, го запоставуваме духовното и не го живееме животот автентично, плашливи сме како зајак кој се крие во своето дувло- калкулираме, правиме шеми, а сеуште живееме во сопствениот страв. Она што треба да го научиме е да се соочиме со своите стравови за да го постигнеме врвот на успехот.
Tреба да научиме да преминеме преку нас, преку тие силно затворени школки и да научиме да живееме со добродушност и внимание кон другите. Џонатан открива и дека за да се постигнат поголеми успеси мора да научиме да бидеме несебични, да се задоволуваме со малку и достигнувањата сами ќе си дојдат. Дека треба да ги одбереме емоциите кои ќе влијаат на нас, на тој начин давајќи го најдоброто од нас, нашето вистинско ‘јас’. И сето ова не е некоја мистерија, некоја тајна порака, ова сите ние го знаеме, но го забораваме живеејќи ја едноличноста на здодевното секојдневие. Најголемите задоволства во животот ни доаѓаат како на тацна во форма на ситни и едноставни задоволства, но ние сме во луда трка во потрага по нешто непознато големо, така што комплетно забораваме на едноставните, а сепак најпријатните моменти во животот.
Главниот лик, а истовремено и оној кој го чита ова дело талка во потрага по својата душа, значењето на вистинското живеење. Константното барање на инспирација навлегувајќи во суштината на оваа книга е дефинитивно препорачливо, задолжително четиво е за сите изгубени и не толку многу изгубени души.
Продолжението на ултра популарното дело „ Калуѓерот што го продаде своето ферари “ на Робин Шарма можете да го нарачате на KupiKniga.mkГлавниот лик, Џонатан Лендри е квази-успешен човек со погрешна свест и неисполнет фамилијарен живот. Неговиот внатршен глас постојано го прогонува,