Познато е дека Французинките важат за едни од најсофистицираните девојки на планетава. Тие се толку одмерени, едноставни, а сепак заводливи и неодоливи. Како ли не тоа можно? Во што е тајната на нивната заводливост?
Еве два корисни совети кои тие ги споделија со вас, па зашто да не се обидете да ги примените?
Помалку е повеќе
Не се китете со циркони, пердува и други бескорисни модни додатоци. Бидете умерени во облеката и накитот, играјте си со бои и форми, но се да биде умерено. И никако немојте да бидете пренападни со деколтето или мини здолништето. Замислете дека ако момчето постојано има на видик што му се нуди, тој ќе престане да гледа натаму. Повеќето Французинки се трудат да ја задржат својата мистериозност, дури и кога се во долга врска.
Не ги заборавајте непослушните детали
Мистериозноста можете да ја задржите и со воздржаност во разговорот. Иако е секси повремено да му испратите SMS порака со содржина (“Те сакам во мене”), често повозбудливо е да бидете срамежливи. Француските жени се заиграни во разговорите. Пратете му порака што ќе ја поттикне неговата имагинација, но нема да биде директно сексуална.
Или изберете парфем чиј мирис ќе биде ваш заштитен знак, па вашиот сакан ќе ве поврзува со овој сензуален мирис.
Најзначајниот француски трик што секако треба да го практикувате се вика “сексуално набиен поглед” (како Анџелина Џоли на црвениот тепих). Гледајте во него неколку секунди, со половина насмевка и потоа погледнете на друго место.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Познато е дека Французинките важат за едни од најсофистицираните девојки на планетава. Тие се толку одмерени, едностав