Од вчера во функција е ставен тактичко оперативниот центар на АРМ, кој воедно е координативен центар за сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал во санирањето на последиците од поплавите.Во содејство на Воената полиција и МВР се регулира сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите.
Од АРМ информираат дека во текот на вечерта на граничниот премин Блаце пристигнал конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини кои ќе се ангажираат на терен онаму каде што се потребни.
-Инженериските машини се доделени од страна на КФОР врз основа на меѓусебната соработка и искажаните потреби од страна на АРМ. Машините ќе пристигнат кај клучката од обиколницата кон Стајковци денеска меѓу 9 до 10 часот по што веднаш ќе бидат распоредени каде што е потребно, се истакнува во соопштението од АРМ.
Во содејство на Воената полиција и МВР се регулира сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијат