Талат Џафери и Заев сериозно ги загрозуваат односите со Србија

Нелегитимно и незаконски избраниот претседател на Собранието Талат Џафери по примерот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, не запираат со провокации и сериозно загрозување на односите со Србија.Српските медиуми, пренесувајќи изјава на Џафери пишуваат дека нелегално избраниот претседател на Собранието брутално го нападнал официјален Белград, порачувајќи им на неговите претставници дека со своите изјави за албанските политичари не придонесуваат за мир и стабилност, туку оценил дека „придонесуваат за пропаганда“.
Претходно , Заев во интервју за српски Курир се впушти во вербална војна со Србија, напаѓајќи го директно новоизбраниот претседател на земјата, актуелниот премиер Александар Вучиќ. Заев вели дека во Србија на власт е „националистичкото раководство на Александар Вучиќ“.

По ваквите напади следуваа низа реакции од српските државници. Српскиот министер Александар Вулин, кој запраша дали Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ, или тоа му го рекле Рама ,Тачи или Џафери?“
Според Ивица Дачиќ, целосно е неверојатно човек кој претендира да биде новиот премиер на Македонија да дава такви неодговорни, скандалозни изјави.

– Брутално напаѓајќи го премиерот, односно новоизбраниот, убедливо избран претседател на Република Србија, кој притоа со денови и месеци повикува на мирно решавање на проблемите во Македонија немешајќи се во внатрешните работи на Македонија, говорејќи дека стабилноста во Македонија е клучна за стабилноста на целиот регион. Што е причината? Повторно се враќам на тоа дека овде ништо не е изолиран случај, видовте и денес, значи тоа е една катастрофална изјава за која сум сигурен дека ќе остави трага по нашите идни билатерални односи, но во секој случај нема нам Заев да ни бира кој ќе биде на власт, ниту пак е Македонија некоја сила која ќе ја праша некој кој ќе биде во Србија на власт, исто како што Србија никој не треба да ја праша кој во Македонија ќе биде на власт. Но погледнете ја снимката која пред малку ја видов тука, албанското знаме на бирото на Претседателот на Парламентот на Македонија. Па каде во светот го има тоа? Знаме на друга држава на бирото на Претседателот на Парламентот на една држава. Јас ќе ве потсетам дека Република Српска, која е ентитет по Дејтонскиот договор неможе да има исто знаме како Репубика Србија, туку го тргна двоглавиот орел и има само тробојка. По кој основ? Дали е ова Парламентот на Македонија ? Или е заеднички Парламент на Македонија и Албанија?, вели Дачиќ.
Нападите на Заев врз него ги коментираше лично и самиот Вучиќ

-Не сум водел никаква националистичка политика, туку напротив водев политика на мир и стабилност и таква политика ќе водам и во иднина. Мислам дека тој за се што изговори многу повеќе зборуваше за себе, отколку за мене. За жал некој луѓе во регионот не разбираат што значи да се биде кандидат за Претседател на Влада или Претседател на Влада и како морате да се однесувате, зошто на своите држави им ја отежнуваат работата, но тоа веќе е нивна работа, рече Вучиќ.Српските медиуми, пренесувајќи изјава на Џафери пишуваат дека нелегално избраниот претседател на Собранието брутално го нападнал официјален Белград

Пронајдете не на следниве мрежи: