Срам за демократијата во Република Македонија. СДСМ и ДУИ на сила сакаат да спречат Собранието да дискутира за проблемите на стружани.Талат Џафери секојдневно го крши Деловникот на Собранието. Собранискиот спикер е должен и обврзан да му даде процедурална забелешка на секој 51 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Спротивно на Деловникот, според сопствено самоволие и сопствено убедување, Талат Џафери самиот одлучи да не им дава процедурална забелешка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Ѓорчев беше на редослед за процедурална забелешка и самиот Џафери го повика на говорница, откако слушна дека Ѓорчев сакаше да зборува за вонредна седница на Собранието за Струга, Џафери даде наредба Ѓорчев да биде биде отстранет од говорницата.
Тоа го оневозможија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја спречија интервенцијата на собраниското обезбедување по наредба на Џафери.
Талат Џафери секојдневно го крши Деловникот на Собранието. Собранискиот спикер е должен и обврзан да му даде процедурална забелешка на секој 51 пра