Талентиран сурфер загина додека ги скротуваше брановите од ураганот Ирма на Барбадос

Младата ѕвезда на сурфањето и олимписка надеж, 16 годишниот професионалец Сандер Венеција, загина на родниот карипски остров Барбадос, каде сурфаше во текот на ураганот Ирма, соопшти Светсктата сурф лига.Младата ѕвезда на сурфањето и олимписка надеж, 16 годишниот професионалец Сандер Венеција, загина на родниот карипски остров Барбадос, каде сурфаше во текот на ураганот Ирма, соопшти Светсктата сурф лига.Тој на олујното невреме падна од даска, удри со глава во плиток гребен и се удави и покрај обидот на другите сурфери да го спасат.
Група на професионални сурфери се на Барбадос за да ги совладаат брановите во текот на ураганот, но ветераните на тој спорт сметаат дека нема причина да ризикуваат.
-Со своите 45 години никогаш не сум сурфал на тие бранови, затоа што е прилично опасно. Начинот на кој доаѓаат брановите е невообичаен. Морате да знаете што правите, а тоа не им е лесно ниту на професионалците. Денеска треба да се седи и да се гледа, кажа на Барбадос ветеранот во сурфингот Марк Холдер.
Од него се очекуваше да настапува за Барбадос на Олимписките игри во 2020 година, на првите на кои ќе биде застапено сурфањето.
Властите од Барбадос соопштија дека Венеција бил еден од најперспективните јуниорски сурфери на островот. Иако Барбадост не беше на главниот пат на Ирма, од ветрот и силниот дожд и таму има штети.
Да сега од Ирма на Карибите загинаа десетици луѓе.
 
 
Тој на олујното невреме падна од даска, удри со глава во плиток гребен и се удави и покрај обидот на другите сурфери да го спасат.

Пронајдете не на следниве мрежи: