Тамара Милановиќ „Кога не пеам, готвам и многу се смеам“

Голема чест и задоволство ми претставува што сум на чело на неколкуте илјади жени кои се имаа пријавено за првата сезона на „Х-фактор“ , изјавила Тамара  Милановиќ (25) , единствената жена натпреварувачка која ќе настапи на финалето на популарното шоу на 23ти март.Оваа девојка веќе со недели ја воодушевува публиката со својот талент и непосредност
-Многу сме возбудени пред финалето, и од овој момент и мој и верувам на сите нас став, е дека сите сме победници. Тремата е секогаш присутна. Не во иста мера, но е присутна секогаш. На разни начини се борам со неа. Некагаш само со позитивни мисли се фокусирам пред настап, а понекогаш со разговор или прегратка со мила личност -вели Тамара.
Судии, критики и најважни моменти
-Имав неколку отскочни моменти во текот на натпреварувањето. Првиот најемотивен момент беше влегувањето во најдобрите 12, после фазата „Куќата на судијата“. Возбудлив беше и исходот на 5тата лајф емисија , кога девојките од  „4U“ го напуштија натпреварувањето. Сепак мој најемотивни момент беше 6тиот лајф-открива Тамара, а ние потсетуваме дека тогаш Кики рече дека ја сака затоа што е секогаш различна.
Секој нејзин настап го оценување четиричлено жири
-Сите ментори беа ригорозни кога го оценуваат натпреварувачот. Тука никој посебно не се издвојува… Можеби повеќе пати сум се плашела од критиките Желко.

 
Во текот на натпреварувањето Тамара имаше една непријатна случка.  На Твитер се појави нејзин лажен профил со провокативни фотографии
-Не ми беше  пријатно што некој прави некои работи во мое име. Непредвидливите ситуации се наше секојдневие, без оглед на професијата. Лично чувствувам дека во ова шоу се пронајдов себе  и дека во таа смисла многу се променив.  Открив дека можам и сакам повеќе за себе и од себе во музиката. Тоа е најдрагоценото искуство кое ќе го понесам кога ќе заврши напреварувањето-нагласува финалистката.
Фановите за време на ова такмичење добро ја запознаа Тамара, но има и многу непознати детали
-Она што можеби не знаат е дека иако сега немам многу време, многу сакам да готвам. Позади сцената сум поопуштена, повеќе се смеам . Моја прва задача кога ќе заврши натпреварувањето е да ја завршам мојата магистерска теза. Во однос на музиката, би сакала да ја продолжам соработката со Кики, и со братот да снимам песна за почеток, за публиката да има прилика што да чуе-вели Тамара.
Напуштањето на Илма предизвика големи полемики. Многу тврдат дека на малата Илма и тоа како и е местото во финале
-Жал ми е што Илма испадна. Таа е пред се е еден единствен талент и совршен викал, морам да признам дека нејзината зрелост и самодоверба на тие години се неверојатни. Сигурна сум дека  ќе постигне голем успех и во музиката и во животот и од срце тоа и го посакувам-изјавува Тамара
 
 
 
 Оваа девојка веќе со недели ја воодушевува публиката со својот талент и непосредност

Пронајдете не на следниве мрежи: