ТАМАРА СО НОВ СИНГЛ И КОНЦЕРТ ВО КОЛОСЕУМ

По баладата која го одбележа последното издание на „Макфест“, „Готово е“ и одличниот настап на  реномираниот „Скопски фестивал“ со „Залудно е“, следно од секогаш енергичната Тамара Тодевска  е исто толку енергична песна.Со брз и остар ритам, „Само сакам да“ е дело на композиторот и продуцент Бертан Аслани, додека пак за текстот на новата песна се потпиша познатиот рапер Тони Зен. За новата песна е снимен и видеозапис, кој за неколку дена ќе и биде презентиран на јавноста. Како и за „Залудно е“, таа повторно соработуваше со режисерот Владимир Дади Ивановски, кој потенцираше дека најмногу  внимание му е посветено на квалитетната и врвна фотографија, како и интересните костими на Ивана Књез и Мила Кадриу и шминката на Арменд Рамадани.Со „Само сакам да“, ексклузивката на „Горила продукција“ го најавува нејзиниот следен албум. 
По тој повод, во сабота, 6-ти јули, во летната дискотека „Колосеум“, Тамара во друштво на повеќе  од 8 музичари кои ќе ја придружуваат на сцената, ќе ја потсети публиката на нејзините најголеми хитови, како и неколку нови музички проекти.На овој концерт како специјални гости ќе се појават нејзините долгогодишни пријатели и соработници: Тони Зен, Влатко Илиевски и Роберт Билбилов. Влезниците за концертот по промотивна цена од 200 денари, веќе се пуштени во препродажба во Југотон, Камарад Растор, Цвеќара Розе Веро 2, како и сите продажни места на МК – Тикетс. На врата влезниците ќе чинат 250 денари.По баладата која го одбележа последното издание на „Макфест“, „Готово е“ и одличниот настап на

Пронајдете не на следниве мрежи: