Тандемска манипулација на Заев и Јанева

Народот добро знае што се случува и ја гледа спрегата меѓу опозицискиот лидер Зоран Заев и спеијалната обвинителка Катица Јанева. Експертската јавност смета дека Заев поради ваквите местенки тродупло ќе изгуби бидејќи народот не смее да се потценува.-Пр­во, по­ве­ќе од два ме­се­ца се из­на­че­кав­ме Ја­не­ва да го на­пра­ви тоа што бе­ше пр­во во опи­сот на неј­зи­но­то ра­бот­но ме­сто – да ги по­ба­ра, а по­тоа и да ги до­бие не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри за кои бе­ше и наз­на­че­на. Но, таа има­ше вре­ме са­мо да го по­ба­ра „Пуч“, ама са­мо по­ра­ди тоа што бил од „го­лем ја­вен ин­те­рес“?! Откро­ве­ни­е­то, се­пак, се слу­чи по два ме­се­ца и таа ги по­ба­ра не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, а За­ев ѝ ги да­де, но со од­ли­чен тер­мин. Ве­ру­ва­ле или не, но тоа се слу­чи еден ден пред прос­ла­ва­та на Но­ва го­ди­на. Де­мек слу­чај­но на да­ту­мот ко­га, со­се­ма при­род­но, вни­ма­ни­е­то на гра­ѓа­ни­те е це­лос­но на­со­че­но кон под­го­то­вки­те за до­че­кот, За­ев се „охра­бри“, го сме­ни мис­ле­ње­то де­ка е по­без­бед­но кај Ја­не­ва откол­ку во СДСМ и ги од­не­се ку­ти­и­те?! Уште пос­лу­чај­но, Ка­ти­ца за­бо­ра­ви да на­пра­ви за­пис­ник за пре­да­де­но­то од За­ев. Исто ка­ко што за­бо­ра­ви да му ги по­ба­ра. И та­ка две-три не­де­ли но­ви игри со јав­но­ста око­лу фа­ктот – што, всуш­ност, ѝ пре­дал спа­си­те­лот од Мур­ти­но на спе­ци­јал­на­та од Ге­вге­ли­ја. Кла­си­ка, стои во анализата на Република.
Уредникот на дневниот весник „Дневник“, Дарко Јаневски, во својата најнова колумна прашува “оној милион евра за последните месеци од ланската година – на што беа потрошени?“
-Разбира се, да не помине неделава без Kатица Јанева. Kога Заев и’ ги предал снимките, таа не направила записник, туку тоа го запишала во приемната книга. Што е исто како на лекар да му побараш историја на болеста на пациентот, а тој да ви ја даде книгата во која е запишано кога болниот бил примен на болничко лекување. Во првото стои од што е болен човекот, како е лекуван и до каде се стигнало со лекувањето, значи комплетен опис, а второто го има неговото име и презиме и датум кога му е отворена историјата на болеста. И сега сите треба да го премолчиме ова зашто специјалната била дел од Пржино, а зад Пржино стоеле странците кои не смееме да ги лутиме, уште помалку ги споменуваме. Не поради друго, туку затоа што тие сакале да ни помогнат. Што нам треба да ни биде ем мило ем драго. И затоа, нека лета магарето. Додуша ниско, ама сеедно. Ех, а смееме ли бараме да прашаме, кога деновиве веќе се споменаа парите за специјалното обвинителство? Оној милион евра за последните месеци од ланската година – на што беа потрошени?, пишува Јаневски.
Фа­бри­ка­та под сте­чај, на­деж­та кај Ја­не­ва
Фа­кти­те се по­ра­зи­тел­ни за две­те стра­ни, кои, освен при­ја­те­лот За­хир Ибра­и­ми – Ча­уш, има­ат и мно­гу дру­ги ра­бот што ги по­вр­зу­ва­ат. Ло­ги­ка­та не е се­ко­гаш тоа што ги во­ди, но е таа што ги заг­ла­ву­ва. Не тре­ба­ше мно­гу за да се прес­ме­та де­ка за два­е­сет ми­ну­ти, кол­ку што За­ев се за­др­жа кај Ја­не­ва, не мо­же да се на­пра­ви за­пис­ник за тол­ку обе­мен ма­те­ри­јал. Не­ба­ре Ка­ти­ца е Авто­мен. Иа­ко, и за обем­но­ста све­до­чи са­мо ли­де­рот на СДСМ, но не и Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, кое искре­но и „на­ив­но“ пре­не­се де­ка при­ми­ле шест ку­тии тан­скрип­ти и еден тврд диск. 600.000 раз­го­во­ри од 26.000 ли­ца на са­мо еден тврд диск?! Ква­ли­те­тот на „ори­ги­нал­ни­те“ сним­ки на За­ев мо­ра да бил оча­ен, кол­ку и да бил ка­па­ци­те­тот на овој фа­мо­зен диск. А не зву­че­ше та­ка при „бом­би­те“. Бла­го­да­ре­ние на Ја­не­ва не ни доз­нав­ме да­ли си­те ма­те­ри­ја­ли се пре­да­де­ни, ни­ту, пак, да­ли е утвр­де­но де­ка се ори­ги­на­ли, ни ка­ко мис­лат да го на­пра­ват тоа. Што е важ­но, па таа отво­ри це­ли 36 слу­чаи без во­оп­што да ги има ори­ги­на­ли­те, по­ве­де­на са­мо од се­че­ни­те сним­ки на СДСМ. Уште не­што – ка­ко СЈО ќе утвр­ди де­ка За­ев не на­пра­вил ко­пии, ко­га це­ли 70.000 раз­го­во­ри во фол­дер со не­го­во­то пре­зи­ме се нај­доа кај кри­ми­на­ле­цот Ча­уш? Ед­но­став­но, вре­ме­то ги га­зи, фа­бри­ка­та се за­тво­ри, а из­бо­ри­те се бли­жат. Не­кој мо­ра и да „одра­бо­ти“ за пар­ти­ја­та, па, раз­бир­ли­во, не­ма вре­ме за не­ка­кви за­пис­ни­ци. И тол­ку… Те­а­та­рот на ап­сур­дот, кој го под­др­жа ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, и на­та­му про­дол­жу­ва за­ка­ну­вај­ќи се да го за­се­ни кван­ти­те­тот на „Ма­леч­ка­та не­ве­ста“. Таа веч­но мла­да и не­ви­на, тие веч­но не­ви­ни и не­до­вет­ни.
И по Веруш, Чауш?
По­ве­де­ни од до­се­гаш­но­то искус­тво, иа­ко е не­га­тив­но, во оче­ку­ва­ње сме на уште еден не­бу­ло­зен по­тег на СЈО. По за­кон­ски не­о­прав­да­но­то пре­зе­ма­ње на „Пуч“, освен по­ра­ди по­зи­тив­но вли­ја­ние на вло­ше­на­та пси­хич­ка со­стој­ба на ли­де­рот на СДСМ и пу­шта­ње на сло­бо­да на Ве­ру­шев­ски (ко­го во СДСМ ми­лу­ва­ат да го на­ре­ку­ва­ат Ве­руш) тре­ба ли се­га да че­ка­ме Ја­не­ва да го пре­зе­ме и не­де­ло­то на Ча­уш? Па зо­што да не, и та­ка За­хир Бе­ки­ри ѝ е при­ја­тел на „Фејс­бук“. Тие со си­на крв ќе се ва­дат де­ка има­ла мно­гу при­ја­те­ли, но да не за­бо­ра­ви­ме – и пред да ста­не „спе­ци­јал­на“, Ја­не­ва бе­ше „обич­на“ об­ви­ни­тел­ка, а Ча­уш и се­га и по­ра­но бил кри­ми­на­лец. Спо­јот е не­за­мис­лив, не­е­тич­ки и не­бу­ло­зен.
Мо­же­би, пак, има­ат спој­на ни­шка и се ви­ка СДСМ? Мно­гу ве­ро­јат­но, ка­ко и фа­ктот де­ка Ча­уш ќе мо­ра да при­че­ка за да из­ле­зе од за­твор. Не са­мо по­ра­ди тоа што ве­ќе е на из­др­жу­ва­ње на прет­ход­на за­твор­ска каз­на, ко­ја со­се­ма „слу­чај­но“ му ја одол­жи еден су­ди­ја, кој се­га е на дис­цип­лин­ска, ту­ку и по­ра­ди тоа што тре­ба да че­ка на ред. За не­го­ва жал, по ус­ли­шу­ва­ње­то на жел­ба­та за пре­зе­ма­ње на „Пуч“, За­ев изра­зи жел­ба Ја­не­ва да го пре­зе­ме и „По­ткуп“. Да по­бе­де­ше Пен­да­ров­ски, ка­ко што пред­ви­де аген­ци­ја­та на Ѓор­ги Спа­сов, мо­же­би и ќе го або­ли­ци­ра­ше, но Ива­нов ги по­чи­ту­ва за­ко­ни­те. Иа­ко фа­бри­кан­ти­те се оби­доа и тоа да го искри­ват и да из­ла­жат. Ва­ка спе­ци­јал­на­та на­деж на За­ев оста­ну­ва кај Ја­не­ва, а таа се по­ка­жа де­ка не­ма проб­лем со ис­пол­ну­ва­ње­то. На­стра­на, во но­ва­та 2016 го­ди­на, во ко­ја не­го­ви­те стру­ми­ча­ни кр­шеа леп­че со две па­рич­ки – ед­на спо­ред тра­ди­ци­ја­та и ед­на за Ви­це­то, Ја­не­ва не му ис­пол­ни­ла ни­ту ед­на жел­ба, па ред­но е да му уго­ди. Пр­во не­му, па на Ве­ру­шев­ски, кој нас­про­ти си­те за­кон­ски нор­ми е на сло­бо­да. Се­га по­втор­но на ред е За­ев, а Ча­уш е пос­ле­ден на спи­со­кот на не­го­ва­та спе­ци­јал­на при­ја­тел­ка на „Фејс­бук“, ка­ква што се­кој кри­ми­на­лец би по­са­кал. „Му­тан­ти­те од Идри­зо­во“, на­пи­ша тој во пос­лед­на­та по­ра­ка на „Фејс­бук“, пред да го иск­лу­чи про­фи­лот. Ќе му­ти­ра ли СЈО во спа­си­тел на кри­ми­нал­ци од СДСМ, пред да згас­не ка­ко ин­сти­ту­ци­ја. Па­те­ка­та за дејс­тву­ва­ње е до­бро тра­си­ра­на…-Пр­во, по­ве­ќе од два ме­се­ца се из­на­че­кав­ме Ја­не­ва да го на­пра­ви тоа што бе­ше

Пронајдете не на следниве мрежи: