Генералниот секретар на Движењето за реформи во ДПА, Арбен Таравари во гостувањето во емисијата „Програм 200“ на Алсат-М телевизија истакна дека од лидерот на СДСМ Зоран Заев побарале двојазичноста да биде експресна.-Двојазичноста да биде експресна, што е можно побрзо да се прават измените во изборниот законик. И тој е заинтересиран да го реши ова, прифаќа да се прават такви измени….Разговаравме како да ги промениме имињата на улиците каде живеат мнозинство Албанци. Замислете, во Гостивар центарот се вика „Маршал Тито“, а повеќето од младите не знаат кој е тој. Имавме согласување за повеќето од точките кои ги дискутиравме, истакна Таравари.
Тој вели дека за овие прашања со Заев разговарале околу час и половина и дека лидерот на СДСМ апсолутно ги прифатил барањата и точките.
-Дури поставивме рокови во кое време треба да се реализираат за да создадеме взаемна доверба дека во иднина ќе функционира оваа коалиција, ако функционира зошто да нема соработка, додава генералниот секретар во паријата на Зијадин Сила.
Пред два дена претседателот на ДР-ДПА Села, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека откажувањето од Тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.
-Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ќе инсистирам на платформата, одговори Села.
Меѓу другото лидерот на ДР-ДПА остави простор и за уцена најавувајќи дека доколку не се исполнат неговите барања после 100 дена ќе ја преиспита поддршката на новата влада.
-Едно нешто е сигурно, јас кажав и ќе повторам, без разлика дали ќе бидеме и ние физички дел или со други зборови дали ќе имаме министри или не, може и да немаме, ние ќе ја гласаме новата Влада и се разбира после 100 дена ќе го преиспитаме нашиот глас, додаде Села.-Двојазичноста да биде експресна, што е можно побрзо да се прават измените во изборниот законик. И тој е заинтересиран да го реши ова, прифаќа да с