Таравари удри по УЕФА: Голем скандал било тоа што на вчерашниот спектакл не биле претставени Албанците како државотворен народ!

Арбен Таравари, секретар на партијата Алијанса за албанците и министер за здравство во владата на Зоран Заев, во интервју за албанските медиуми ја нападна УЕФА за „сериозни пропусти“ и инциденти при организација на вчерашниот натпревар од Супер КупотСпоред Таравари, УЕФА предизвикала сериозен инцидент со тоа што ги навредила Албанците при организацијата на отварањето на вчерашниот спектакл, бидејќи не биле претставени и Албанците или како што вели, најстариот народ во Европа – илирите.
Таравари додава и дека ова е сериозен инцидент, и дека организаторот треба да се извини, бидејќи смета дека дури и пред античките Македонци на овие простори биле присутни илирите, кои биле првите архитекти на модерна Европа, и вредностите во кои денес уживале многу држави и народи од стариот континент.
Минатата ноќ во нашата земја имаше шампионски натпревар, кој поради организаторите се претвори во губитнички натпревар! Не оставајќи ја настрана одговорноста до највисоките институции на меѓународниот фудбал, кои имаат континуирана кампања за борба против расизмот, локаните организатори го скриле, изгубиле, исклучиле еден од најважните етнички групи не само во оваа земја, но и во самата Европа, како што е албанската националност. Албанците, со еден од најстарите јазици на континентот, единствениот наследник на познатите илири, се првите намесници на првата дамнешна (или античка) европска цивилизација. А особено македонците кои се чини дека ја сакаат антиката ќе ви направеше чест оваа работа! – вели Таравари во изјава за албанските медиуми, притоа заборавајќи дека организатор на Супер Купот е УЕФА, додека ФФМ и Градот Скопје се само локална поддршка на организацијата, што значи дека тие следат правила и насоки кои им се зададени од меѓународната фудбалска институција
Таравари не беше осамен во неговите националистички изјави. Имено, и Бујар Османи, истиот оној кој не го признава Македонското знаме и химна затоа што Албанскиот народ не бил застапен (сеуште никој не може да разбере кој народ не може да се најде во знаме со сонце), имаше свои националистички изливи на Фејсбук, барајќи одговорност за ФФМ, иако би требало да знае дека организацијата е на УЕФА.
 

Освен ова, Таравари бара итно да биле превземени мерки против сторителите на овој тежок инцидент и додава дека со длабок презир ја дал оваа изјава, со жалење за инцидентот.
Во меѓувреме сеуште немаме изјава од министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој како идеен деец на договорот за „добрососедство“ со Бугарија би требало да даде коментар за тоа дали вчерашната прослава била согласно стандардите на договорот, и дали е повреден некој член од погубниот договор.
Ако според Таравари има тежок инцидент и непрезентирање на Албанското малцинство соодветно, тогаш сигурно би имало и за Бугарското. Или пак, ќе се држат до изјавата на Заев дека Македонскиот и Бугарскиот народ се „сшти“ народ, сеуште не е познато.
Сепак, Таравари не коментираше за настапот на Талат Џафери алијас. Командант Форина од Мечкин Камен на 2-ри Август, кога за да им се допадне на Македонците зборуваше на постариот од илирскиот, Македонски јазик, читајќи извадоци од Крушевскиот манифест за Илинденското востание.
 Според Таравари, УЕФА предизвикала сериозен инцидент со тоа што ги навредила Албанците при организацијата на отварањето на вчерашниот спектакл, бид

Пронајдете не на следниве мрежи: