Техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски, во својот мандат покажа нетолеранција и немање чувство за потребите на лицата со попреченост. Покрај слепите и глувите лица под удар на деструктивноста на техничката министерка се најдоа и децата со попреченост.Бројни се реакциите на родителите на децата со попреченост кои се незадоволни од односот на техничката министерка за труд и социјална политика. Наспроти сите декларативни заложби за правата на овие лица, во реалноста и тие се најдоа на удар на несовесноста на Ташевска Ременски.
Имено родителите на деца негодуваат затоа што не можат да добијат одговор од кои причини не се реализира проектот за користење бесплатна услуга на рехабилитација и рекреација за деца со пречки во развојот, на возраст од 6-26 години и кои се корисници на правото на посебен додаток кој требаше да почне со реализација од септември годинава.
Тие се надевале и биле потготвени да аплицираат но наишле на целосна незаинтересираност и молк. Само за потсетување на јавноста овој проект беше запрен и во време на првиот мандат на техничката министерка.
Се обративме и до директорот на Заводот во Банско кој ни потврди дека ниту на почетокот на годинава до мај месец ниту од септември не му се пратени корисници преку министерството за труд и социјална политика иако Заводот бил подготвен.
Проектот стартуваше есента 2014 година и се спроведуваше се до доаѓањето до Ташевска Ременски за технички министер. Тој е наменет за деца со церебрална парализа, деца кои имаат пречки во телесниот развој или комбинирани пречки. Според кажувањата на оние што биле дел од оваа услуга, бенефитите биле огромни за децата бидејќи покрај рехабилитација вклучува и креативни и рекреативни работилници. На тој начин се подобрувале движечките способности на децата но и се стекнувале со нови вештини и знаења. Родителите и нивните деца добивале во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско 5 дневен одмор (ноќевање со три оброка и ужина) како и организиран превоз
Досега оваа услуга, според нашите информации ја искористиле 293 деца со пречки во развојоти 293 придружници-родители, односно вкупно 586 лица.
Доколку техничката министерка покажеше интерес разбирање за оваа категорија на деца и нивните родители, 500 корисници во текот на оваа пролет и есен ќе можеа да ги користат услугите и бенефитите од овој проект.
Медиумите пред неколку месеци веќе еднаш информираа за закочувањето на овој проект меѓутоа Ташевска Ременски одлучи да молчи и повторно да не го спроведува со повторното стапување на функцијата. Ова покажува покрај несовесно работење и нехуманост од техничката министерка кон оние кои најмалку тоа го заслужуваат.Бројни се реакциите на родителите на децата со попреченост кои се незадоволни од односот на техничката министерка за труд и социјална политика. Нас