На интернет се прошири видео снимка на неверојатен гест на маж кој фрла во вода четиригодишно дете од железнички мост висок осум метри, додека мајката од старна стои и навива. Снимено е од случајни минувачи.Обвинителите сега размислуваат дали против мајката ќе биде покренато обвинение, додека полицијата го испитува нејзиното момче кој го фрли детето.
Случката ја снимиле шокирани минувачи кои повикале полиција. Кејлеб Фоули (18) бил на брегот со својата девојка и снимил сѐ од мобилниот телефон.
– Тоа е железнички мост, од кој често знаеме да скокаме во вода, но високо е и треба да се биде внимателен. Маж фрли дете и кога удри мислев дека го скрши вратот. Исчезна под водата и исплива затоа што на него имаше елек. Цело време врескаше, рече Кајлеб.
– Ние викавме на мажот тоа да не го прави, но тој рече дека тоа е негово дете и да не се мешаме. Сето тоа му беше забавно. Мислам дека такви луѓе навистина не треба да имаат деца, изјави другиот сведок Брајана Џонс за Вашингтон Пост.
Фоули рече дека видеото го објавил за да може мајката да го добие „тоа што го заслужува и детето да биде сигурно“.Обвинителите сега размислуваат дали против мајката ќе биде покренато обвинение, додека полицијата го испитува нејзиното момче кој го фрли детето.