Татко го разбудил плач на ќерката, се скаменил кога видел дека таа била…

Коен (34) во полиција изјавил дека бил толку многу пијан и единствено нешто на што се сеќава е дека си играл со некое „џуџе“, пишува „Вашингтон пост“.

Замислите ситуација во која во среде ноќ ве буди плачот на вашата двегодишна ќерка, а потоа ја гледате во раце на потполно непознат човек?

Тоа му се случи на еден човек во Аризона, кој сакал да остане анонимен. Настанот се случил минатиот четврток, кога во 2,30 часот наутро ја чул ќерка си како плаче и тоа го разбудило.

Кога станал ја видел во прегратка на непознат човек, подоцна идентификуван како Орен Арон Коен.

Коен (34) во полиција изјавил дека бил толку многу пијан и единствено нешто на што се сеќава е дека си играл со некое „џуџе“, пишува „Вашингтон пост“.

Родителите веднаш повикале полицијата, која морала да користи муниција за зашеметување, бидејќи пијаниот човек се противел на апсењето.

Родителите на детето изјавиле дека никогаш не го виделе човекот кој го затекнале во својот дом и дека девојчето било во пижами и поспано.

Коен изјавил дека вечерта пиел со своите пријатели и не знае како се нашол во станот. Немало знаци на насилничко влегување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.