Таткото, чиј син починал од подметнато апче екстази, се самоубил откако го убил дилерот на дрога со нож во срцето.
Рој Алисон се обесил откако бил пронајден трупот на дилерот на дрога Данкан Бел кој му подметнал апче екстази во пијачката на синот на Рој, Рој Јуниор, кој веднаш по испиената пијачка паднал во бесознание и починал.
65 годишниот Рој оставил проштално писмо пред да се обеси во кое напишал дека ќе го убие Бел, а потоа ќе си го одземе животот. Писмото од 9 страници го испратил на 14 различни адреси,до полицијата и до локалните весници со наслов – сакам правда за својот син. Во писмото детално опишува дека Бел е главниот виновник за смртта на неговиот син и дека нема да чека да се извлече од судот, туку сам ќе ја побара правдата.
„ Јас сметам дека е исправно да го отстранам тој „шљам“ од нашето општество. Сакав да се убијам веднаш по смртта на синот, но кога открив дека оној кој му глумел најдобар другар го убил, одлучив да ја истерам правдата“ пишува во писмото.
Рој напишал дека бил многу револтиран кога Данкан Бел отишол кај нив после смртта на син му и плачел, за подоцна да се дознае дека ги избришал сите траги пред да дојде полицијата да прави увид.
„Јас сметам дека е исправно да го отстранам тој ,,шљам,, од нашето општество. Сакав да се убијам веднаш по смртта на синот, но кога открив дека оној кој му глумел најдобар другар го убил, одлучив да ја истерам правдата“ пишува во писмото.
Дилерот Данкан Бел е пронајден мртов, забоден со нож во срцето, а подоцна бил пронајден и Рој Алисон обесен.
Таткото, чиј син починал од подметнато апче екстази, се самоубил откако го убил дилерот на дрога со нож во срцето.