Секторот за внатрешни работи Тетово расветли, односно целосно расчисти четири кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.А. и 16-годишно лице, двајцата од тетовското село Брвеница.-Повозрасниот и малолетникот, инаку татко и син, се сомничат дека во јуни и август годинава на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирале 5 лажни профили, на кои прибирале, обработувале и користеле лични податоци од три жителки од ова тетовско село, соопштуваат од СВР Тетово.
Од полицијата информираат дека на име на две други женски лица од истото село, осомничените активирале пет сим-картички за мобилен телефон, преку еден од мобилните оператори во нашата земја.-Повозрасниот и малолетникот, инаку татко и син, се сомничат дека во јуни и август годинава на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирале 5 л